05:21 - 12 март, 2026

(Видео) Излезе трејлерот за филмот инспириран од судењето на Џони Деп и Амбер Херд: Филмот ги реконструира фактите на една од најголемите „војни“ во судницата меѓу двајца сопружници

Речиси четири месеци по пресудата во судскиот процес за клевета на Џони Деп против поранешната сопруга Амбер Херд, американскиот стриминг сервис Туби го објави трејлерот за Hot Take: The Depp / Heard Trial.

Филмот ги реконструира фактите на една од најголемите „војни“ во судницата меѓу двајца сопружници.

Во улогата на Џони Деп е Марк Хапка; Меган Дејвис ја игра Амбер Херд; што се однесува до Елејн Бредехофт, адвокатката на Херд, изборот падна на Мери Кериг; додека Мелиса Марти е Камила Васкез, „љубовницата“ на Деп. Режијата е на Сара Ломан, поранешна режисерка на ТВ филмот Secrets in the Woods.

Hot Take не се задржува само на настаните во судницата, туку излегува и надвор од судењето, задржувајќи се на реакциите на Деп на коментарите на Херд, илустрирајќи ја реконструкцијата на злоупотребата и реакциите на фановите.

Потсетуваме дека Деп ја тужеше својата поранешна сопруга Амбер Херд за клевета и бараше 50 милиони долари за написот напишан од самата Херд, а објавен во Вашингтон пост во 2018 година, во кој таа е претставена како жртва на семејно насилство. Написот, иако во него не се спомнуваше Деп со име, негативно влијаеше на кариерата на ѕвездата со тоа што му беа поништени голем број на договори.

Слични објави

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо
Се вчитува....