12.8 C
Скопје
07:49 - 26 септември, 2026

(Видео+фото) Ќеркичката на Никола Роквиќ плаче додека се збогува со својот татко кој тргна пеш за Грција на пат долг 1.150 километри

Спрскиот пејач Никола Роквиќ поради својата хуманост вчера на 22 април пеш тргна на островот Егина и треба да помине 1.150 километри.

Тој и неговата сопруга Бојана неодамна основаа фондација за помош на оние кои имаат потреба и одлучи да прејде долг пат каде ќе се поклони на Свети Нектариј Егински.

– Сакаме да ве информираме дека со Никола ја основавме фондацијата „Семејство“, која ќе се занимава со зачувување на традиционалните вредности и семејството како институција и како свето место. Фондацијата ќе им помага на многудетните семејства, загрозените, ранливите, талентирани и болните деца. А нашата прва мисија ќе биде помагање на детската онкологија – рекла Бојана.

– Наша желба е со заеднички сили да ги собереме неопходните средства за купување апарат кој ќе помогне за дијагностицирање на ракот на мозокот кај децата, како и за реновирање на детското онколошко одделение. За тоа ни требаат 200.000 евра, а од ова свето место ќе тргнам пеш по патот за Атина, поточно до островот Егина и манастирот Свети Нектариј Егински и на тој пат долг 1.060 километри ќе ги соберам неопходните средства. Затоа ги поканувам сите компании, поединци, но и моите пријатели да ни пружат поддршка и да ја оствариме оваа голема мисија – нагласил пејачот во својата објава.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikola Rokvic (@nikolarokvic)


Никола пред да замине со семејството го посетил храмот Свети Сава од каде што тргнал, а семејството се собрало да го испрати на ова хумано патување.

Роквиќ на својот Инстаграм објави видео на кое се збогува со сите, но најемотивниот дел беше кога ја прегрна својата расплакана ќерка.

Многумина беа трогнати до солзи, а оваа разделба беше тешка за сите, но тие се среќни поради мисијата што ја поставиле.

Никола се поклонил пред Храмот, се прекрстил и во најубавата можна прилика тргнал кон Грција.

Да потсетиме, по успешниот прв ден, пејачот се огласи од својот профил на Инстаграм каде откри колку километри поминал.

– Првиот ден готов – пишувало во описот на фотографијата на Никола од паметниот часовник, на кој може да се види дека поминал 33,50 километри.

Неговата мајка Славица Роквиќ на својот син му посака среќен пат на социјалните мрежи со зборовите:

– Среќно, моја гордост!

Слични објави

Хана Хуљиќ за Петар Грашо: „Од концерт доаѓа дома во четири-пет наутро само за да биде со нас“

Еспресо

„Првата половина од мојот живот ја поминав…“: Марија Шерифовиќ донесе важна одлука на Бали

Еспресо

(Фото) Новата снаа на Брена се всели во станот на Виктор од 700.000 евра: Александра го покажа неверојатниот луксуз

Еспресо

(Фото) Торта на три спрата, скокалница и декорации – Сека Алексиќ го претвори дворот во игротека за роденденот на синот Јаков

Еспресо

„Својот труд го трошеше на луѓе кои тоа не го заслужија“ — Сузана Јовановиќ е разочарана од луѓето по смртта на Сaша Поповиќ

E.A.

„Одев по улица со синот и врескав на целиот глас“ — Стоја се присети на најтешкиот период кога ја избркале од дома со тригодишно дете

E.A.
Се вчитува....