5.8 C
Скопје
07:11 - 1 април, 2026

(Видео) Фановите на Пријовиќ се разочарани од новата песна: „Не ти требаат вакви тажалки, Филип не треба да ти прави песни!“

Александра Пријовиќ на новогодишната ноќ го изведе својот нов сингл „Последњи кабаре“, за да им се заблагодари на фановите за сите успеси постигнати со албумот „Девет животи“ и регионалната турнеја „Од исток до запад“.

Песната ја напишал нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ, како и поголем дел од хитовите од нејзините албуми, но оваа балада очигледно не ѝ се допадна на нејзината публика. Некои отидоа до таму што ја замолија да ја прекине соработката со сопругот зашто сите песни што тој ги сработил за неа се речиси идентични.

„Океј, сега навистина. Филип треба да престане да ѝ прави песни! Како некој може да слуша музика чиј текст гласи: “О како сум глупа, Боже!“ Ужасно и непријатно! Ајде што и мелодијата е иста туку текстот е уште полош од вообичаено. Препакување на една те иста песна! Морничаво!“ – гласат некои од коментарите на Икс (поранешен Твитер).

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....