11:27 - 3 април, 2026

(Видео) Девојката на Лазар Ристовски покажа каква домаќинка е: Еден детаљ го привлече вниманието

За љубовта на српскиот актер Лазар Ристовски и неговата 39 години помлада избраничка и колешка Аница Лазиќ не престанува да се зборува, додека таа е сè поактивна на социјалните мрежи, па често е во фокусот на интересот на јавноста.

Аница сега објави видео на својата инстаграм приказна и покажа каква домаќинка е.

Аница се снимала себеси во кујна додека подготвувала ручек, а судејќи по нејзиниот опис, таму и не поминува баш многу време.

„Ќе падне снег“, напишала Аница во описот на видеото, а многумина забележале дека ручекот го подготвува во бела кошула и со часовник на зглобот.

Аница, да потсетиме, неодамна на социјалните мрежи сподели две пораки во кои, очигледно, се пронашла, па сакала сите да ги видат.

Ристовски ги изненади сите кога по 42 години заеднички живот со сопругата Даница, соопшти дека се развел. Од бракот има два сина. Неодамна Ристовски повторно шокираше кога призна дека е во врска со 39 години помладата колешка Аница.

Инаку, Аница и Лазар глумеле заедно во „Дрим Тим“, а сега и во серијата „Попадија“.

Слични објави

(Видео) Стара снимка од Здравко Чолиќ од теретана го „запали“ интернетот – вака вежбал легендарниот пејач на времето!

К.С.

(Фото) „Кај одиме вакви?“: Маја Гроздановска – Панчева и Сергеј споделија ретро фотографија

Еспресо

(Фото) Вака се славеше роденденот на сопругата на Сергеј Ќетковиќ, цела естрада на едно место

Еспресо

(Фото) Романтичен спомен од почетоците на љубовта: Водителот Ненад повеќе од 15 години ѝ е верен на Горана

Еспресо

Хороскоп за 3 април: Девиците добиваат јасност што долго ја чекале, Стрелците тргнуваат во нова насока

Еспресо

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо
Се вчитува....