19:08 - 2 април, 2026

(Видео) Дарко Лазиќ ги зеде сопругата и ќерката од породилиште: Катарина блеска неколку дена по породувањето

Дарко Лазиќ денеска од породилиште ги зеде сопругата Катарина и ќерката Срна, а гордите родители не ја криеја среќата.

Лазиќ пристигнал во болницата во придружба на сестрите на Катарина, а новородената наследничка ја носел во златна лулка.

„Многу сум среќна и едвај чекам да си одам дома. Не сакам да славам како тато, само сакам да сме заедно. Јас сум уморна од неспиење, а тој од славење. Не спиев синоќа од возбуда и малата го почувствува тоа па беше будна со мене. Чувството е нереално“, изјави гордата мајка за Курир.

Да потсетиме пејачот неколку дена го славеше раѓањето на својата ќерка, а меѓу најсреќните беше неговата поранешна сопруга Ана Севиќ.

„Секако дека ја испеавме песната „Срно моја малена“, таа е отсега химна. Долго време сум најсреќниот човек на светот, а денес особено откако добив уште една мала принцеза што ја посакував. Бебето го видов само преку телефон, бидејќи не се дозволени посети. Утре треба да одам да ги земам Каќа и бебето“, рече Дарко.

Слични објави

Ова сигурно не го знаевте! Бајага напишал голем хит за Весна Змијанац

Еспресо

(Фото) Аница Лазиќ го оперирала носот: Еве како сега изгледа девојката на Лазар Ристовски

Еспресо

Ја имаме вистинската адреса за вашиот совршен матурски изглед – во „Прагма“ убавината добива значење

Еспресо

Идеален десерт за Велигден – рецепт за Баскиска торта од сирење што го освои светот, иако е изгорена

Т.Ц.

(Фото) Јелена Розга „не ги соблекува“ штиклите од 750 евра: Ги има во повеќе бои и редовно ги носи на настапи

Еспресо

Почина дерматологот Тамара, ќерка на фотографот Јадран Лазиќ

Еспресо
Се вчитува....