00:31 - 7 ноември, 2026

(Видео) Бебе Реџа погодена со телефон во глава: Пејачката се струполи сред настап и заврши во болница

Американската пејачка и текстописец, со албанско потекло Блета Реџа, попозната како Бебе Реџа, одржа настап во Њујорк, а за време на истиот се случи инцидент.

Имено, пејачката играше и пееше на сцената, а во еден момент тргна кон публиката.

Меѓутоа, тогаш кон неа бил фрлен мобилен телефон и ја удрил во главата. Таа се обидела да продолжи да пее, но паднала на колена држејќи се за глава, а соработниците дошле да ѝ помогнат.

Ова налути многу фанови на пејачката кои на социјалните мрежи коментираа дека „нечиј непромислен потег можел да предизвика многу поголеми последици“.

Мајката на пејачката со албанско потекло подоцна за странските медиуми изјави дека нејзината ќерка е добро, но дека поради инцидентот имала три конци на главата.

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....