5.8 C
Скопје
21:46 - 27 февруари, 2026

(Видео) Ава Керш се отвори за бракот со Пепи Бафтировски: Тоа беше авантура

Ава Керш, поранешната сопруга на Пепи Бафтировски се отвори за бракот со легендарниот пејач кој почина во Америка во 2008 година.

Во подкастот „Марија во Америка“ кој го прави новинарката Марија Главчева, Ава Керш зборуваше за нивниот брак и разликата во години.

„Бевме разлика 24 години. Тој ме потсетуваше цело време: ‘Дали знаеш дека нема да биде вака секогаш? Јас сум многу постар од тебе’. А, мене не ме интересираше разликата во годините, имавме исти интереси. Знаете што, кога размислувам вака подлабоко, ако не беше Пепи не мислам дека ќе можев во брак да бидам толку долго“, рече Ава Керш во овој подкаст.

„Не сум личност што ќе седи дома и… целиот живот на работа без да имам други активности, не би можела. И ден-денес сум многу активна… и за да го живеете тој живот, вие мора да имате личност до вас што го разбира тоа. Сакавме музика, сакавме да излегуваме, сакавме активни да бидеме цело време, мораше секогаш нешто да се случува. Беше како една авантура тој брак“, рече Ава Керш.

Инаку, таа се занимава со интересна работа во Америка, а може да се забележи и дека изгледа многу младолико. Нејзина страст е танцот и често објавува видеа од танчарските натпревари.

И покрај тоа што беше голема ѕвезда во својата држава, Пепи не беше задоволен од состојбата на луѓето од естрадата во Македонија и реши да замине во Америка со сопругата Ава Керш, ќерката Марина и синот Емил. Ава и Пепи останаа пријатели по разводот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marija Glavcheva (@marija_vo_amerika)

Слични објави

(Фото) Специјално роденденско изнеанадување за Јована Стојменовиќ: Еве каков подарок доби

Еспресо

(Фото) Маја Шупут и Шиме се на нова авантура по Париз, а нивната мистериозна обајава ги замисли сите

Еспресо

Досега необјавени фотографии од синот на Северина: Пејачката на емотивен начин го одбележа 14. роденден на Александар

E.A.

(Фото) „Иста е како мајка ѝ“: Преубавата ќерка на Моника Белучи блесна на насловна страница

Еспресо

„Мајко, ти си мој херој“ : Трогателна порака од синот на Николина Коваќ откако му роди брат

apostolova

Бресквица се сели: Во тајност гради нов дом во Белград

E.A.
Се вчитува....