5.8 C
Скопје
00:21 - 1 април, 2026

(Видео) Александра Пријовиќ се огласи по хаосот на првиот концерт во Загреб: Девојка се обидела да се качи на сцената, паднал член на обезбедувањето

Музичката ѕвезда Александра Пријовиќ откри што точно се случило на сцената пред крајот на првиот концерт во Арена Загреб .

Девојка од публиката се обидела да се качи на бината кај Александра, но обезбедувањето ја спречило во тоа. Во моментот кога ја симнувале од бината, припадник на обезбедувањето се сопнал и паднал, па морале да се погрижат за него зад сцената.

Веднаш му била укажана помош, а Пријовиќ на кратко го прекинала концертот и дошла да види дали сѐ е во ред.

Како вистински професионалец, таа до крајот го одржа концертот на кој на сцената ѝ се придружи синот, а на прес-конференцијата откри што се случило.

– Како што секогаш се случува на концертите, момците од обезбедувањето ѝ рекле на девојката дека не може да излезе на сцена. Кога видов дека тоа се случува, ми беше жал што таа не се качи и не дојде кај мене. Но, кога ѝ реков „ајде дојди“, не ја видов повторно – рекла Александра која истакнала дека ѝ е многу жал што тоа се случило.

Изјавата на Пријовиќ можете да ја видите ТУКА.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....