14:29 - 13 ноември, 2026

(Видео) Александра Пријовиќ на концерт со новата фризура и најдлабокото деколте до сега

Покрај тоа што втора вечер по ред ја „запали“ Тузла, Алексанрда Пријовиќ пред публиката ја претстави својата нова фризура.

Александра Пријовиќ неодамна премиерно ја претстави својата нова, многу пократка фризура. Во оваа прилика таа ја стилизираше косата со залижување наназад, а вториот концерт во Тузла го отвори во предизвикувачки аутфит.

Црниот светкав и полупроѕирен мини фустан од тантела и монистра одлично ѝ прилегаше на телото, а Прија ја изненади публиката со досега невидено деколте. По концертот Александра објави видео, на кое може да се види како се подготвува за отворањето на концертот, но и жешката атмосфера која ја направи. Пејачката со својот изглед неодоливо потсеќа на Цеца Ражнатовиќ од нејзиниот прв концерт на Ташмајдан во 1993 година.

„Тузла, бевте прекрасни! напиша Прија во насловот на оваа објава и додаде емотикон со црвено срце. Таа објави и трогателно писмо кое го добила од верните фанови од Сплит, кои по Загреб дошле да ја слушаат и во Тузла.

„Драга наша, по втор пат како дел од овогодинешната турнеја, доаѓаме на ваш концерт. Првиот пат беше на 3 декември, третата вечер во Арена Загреб, а еве сме сега, Тузла, 22 декември. Доживувањето во живо не може да се опише. Вашето патување во музиката го следиме долго време. Сѐ што правите е уникатно, создавате посебна атмосфера која нѐ плени. Ние сме најгорди поради вас, најсреќни поради сѐ што сте постигнале, “ – гласеше писмото. „Ви благодариме што не се откажавте, и да, воодушевени сме од вашите песни, срушените рекорди ги исполнија Арените, се разбира. Сепак, најмногу на начинот на кој допирате до публиката со вашите емоции и љубов. Не е важно кои сме ние и од каде сме, важно е само да уживаме во вашата музика, на вашите концерти и да ја паметиме таа ноќ како една од најубавите досега. Убаво е да се живее во ерата на Александра Пријовиќ, од сестрите од Сплит“, и напишале на Пријовиќ.

Александра ја сподели пораката јавно, а потоа додаде: „Благодарам“, заедно со емотикони од срце и тажно смајли.

Воедно, таа пред првиот концерт за босанските медиуми откри дека турнејата продолжува, и дека наскоро ќе објави нови датуми, а како што се шпекулира ќе настапи и во неколку други земји во регионот, кои не беа вклучени во турнејата засега. Се шпекулира дека следните концерти ќе бидат во Нови Сад и Подгорица.

Слични објави

(Фото) Сите имаме мал црн фустан, но Нина Бадриќ покажа како да му дадеме сосема нов изглед

Т.Ц.

Сопругата на Саша Поповиќ останува сама во луксузната вила на Бежанијска коса, децата го напуштаат семејниот дом

Еспресо

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.
Се вчитува....