-0.2 C
Скопје
18:20 - 22 декември, 2024

(Видео) Алек Болдвин го интервјуираше Вуди Ален: „Се повлекувам од режија, возбудата ја нема“

Вуди Ален, во ретко интервју, зборува со Алек Болдвин на Инстаграм во живо.
Режисерот рече дека „возбудата“ од снимањето филмови ја нема. Сепак тие не разговараа за горливата тема за обвинението за сексуална злоупотреба кои беа покренати против режисерот.

За време на најавеното и очекуваното интервју на Алек Болдвин со Вуди Ален, емитувано на Инстаграм профилот на актерот, познатиот и наградуван режисер Вуди Ален ги објави своите планови за неговото идно пензионирање: „Ќе режирам уште еден или два филма“, изјави тој, додавајќи дека „ентузијазмот исчезна „поради падот на театарското искуство“.

Без да открива повеќе детали за проектот, Ален откри дека ќе режира филм што ќе се снима во Париз на крајот на летото. Тоа е очекуваното враќање на американскиот режисер по филмот „Рифкиновиот фестивал“ од 2020 година, кој не доживеа промоција каква што заслужува поради коронапандемијата.

Веќе тогаш, среде здравствената вонредна состојба, зборовите на Ален најавуваа пензионирање: „Имам 84 години, наскоро ќе умрам. Би можел дури и да го напишам најдоброто сценарио на светот, но ако никој не може да го продуцира филмот нема да може да се проектира…Не сум многу охрабрен “, рече тој во 2020 година. „Денес луѓето се среќни што се дома, мислат дека е убаво да вечераат и да гледаат филм на нивниот голем екран со сараунд систем. Но, не сакам да снимам филмови за телевизија, па едноставно би можел да одлучам да престанам да снимам филмови“.

Во дијалогот меѓу двете холивудски ѕвезди не беше спомната ниту трагедијата на снимањето на Раст, ниту пак обвинувањата против Ален.

Во разговорот со Алек Болдвин кој траеше околу еден час (кој можете да го прегледате во видеото на крајот од текстот), Ален зборуваше и за неговиот нов начин на живот, многу подомашен: „Дома сум и немам што да правам, покрај малку движење, вежбање со кларинет и пишување. Дома  пишувам многу. Напишав многу дела и си помислив: „Што ако повеќе не снимам филмови? Убаво е да се живее вака“ И тогаш си помислив: „Па, би можел да направам уште еден или два филма““.

Режисерот кој доби четири Оскар, исто така, рече дека не би сакал да пишува сценарија за други, туку повеќе да се посвети на пишување романи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alec Baldwin (@alecbaldwininsta)

Слични објави

Славниот водител сподели тажни вести: „Никогаш нема да те заборавам, многу поминавме заедно“

Еспресо

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо
Се вчитува....