08:05 - 4 април, 2026

(Видео) Адам Броди, Били Кристал и Парис Хилтон се меѓу ѕвездите чии куќи изгореа во пожарите кај Лос Анџелес

Повеќе од 130.000 луѓе беа принудени да се евакуираат поради пожарот, додека ветровите дополнително придонесуваат за ширење на пожарот. Најтешка е ситуацијатао во една од најбогатите населби во САД, Пацифик Палисадес.

Бројни познати личности се огласија за пожарите што зафатија делови од Лос Анџелес и ги погодиле нивните домови.

Актерот Били Кристал и неговата сопруга Џенис за „Еј-би-си њуз“ изјавиле дека ја изгубиле куќата во таа населба.

– Зборовите не можат да го опишат обемот на уништувањето. Чувствуваме тага за нашите пријатели и соседи кои исто така ги загубија своите домови и бизниси во оваа трагедија. Џенис и јас живееме во таа куќа од 1979 година. Ги одгледавме нашите деца и внуци таму. Секој дел на нашата куќа беше исполнета со љубов, рече тој.

Во пожарот домот го загуби и американската актерка и пејачка Парис Хилтон. Нејзиниот претставник потврди дека нејзината куќа е уништена.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paris Hilton (@parishilton)


Актерката Џејми Ли Кертис рече дека нејзиниот дом е безбеден, но дека целата населба ја нема.

– Толку многу луѓе изгубија сè. Помогнете каде можете. Ви благодариме на спасувачките тимови и пожарникарите, напиша Кертис на Инстаграм.

Синот на актерската двојка Том Хенкс и Рита Вилсон, Чет Хенкс, на Инстаграм напиша дека населбата во која пораснал гори до темел.

Во страотните пожари во Лос Анџелес изгоре и вилата на актерската двојка Адам Броди и Лејтон Мистер.

Актерката Менди Мур се соочува со пожарот во Итон, каде на 52.000 луѓе им е наредено да се евакуираат. Нејзиниот дом се наоѓа во населбата Алтадина, а актерката им се заблагодарила на пријателите кои на нејзиното семејство му обезбедиле сместување за време на евакуацијата.

 

Слични објави

Хороскоп за 4 април: Биковите освојуваат од старт, Овните имаат сè

Еспресо

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо
Се вчитува....