14:48 - 25 февруари, 2026

Унгарија сепак го награди Орбан: „ПОБЕДИВ ПРОТИВ СИТЕ“, премиер со 54 отсто

Со над 70 отсто од гласовите, коалицијата на владејачката партија Фидес и Демохристијаните од Кднп, победи со 54,6 отсто од гласовите, што би се превело во 134 пратенички места, од вкупно 199. Опозицијата со 33,6% и со само 58 пратенички места.

Унгарија не се менува: Виктор Орбан повторно победи. А тој, кој овој пат се предложи за „човек на мирот“, бркајќи го стравот од украинскиот конфликт, доцна вечерта се радуваше: „Победивме против сите!“.

Со над 70 отсто од гласовите, Орбан е во очигледна предност, со коалицијата составена од владејачката партија Фидес и демохристијаните на КДНП, кои освоија 54,6 отсто од гласовите, односно 134 пратенички места од вкупно 199.

Во едно од најважните гласања во историјата на земјата, кога премиерот Орбан се кандидираше четврти последователен мандат, одѕивот на гласачите беше 67,8%, нешто повеќе од пред четири години. Тој пак, првиот човек на Фидес, не ја пропушти можноста да нагласи дека од гласачките места излегува и „јасен сигнал во Брисел“.

„Оваа наша четврта последователна победа е најважна, затоа што ја освоивме власта против опозиција која беше сојузничка. Сите тие се здружија, а ние победивме во секој случај – рече тој по триумфот -. „Победивме и на меѓународно ниво против глобализмот… Против Сорос. Против европските мејнстрим медиуми. А исто така и против украинскиот претседател“.

„Фидес претставува патриотска и христијанска конзервативна сила. Тоа е иднината на Европа. Прво Унгарија!“, заклучи тој, повторувајќи ги познатите зборови што ги употреби Доналд Трамп кој своевремено рече „Америка на прво место“.

Инаку, поддршка на опозицијата дојде и од претседателот на Украина, Володимир Зеленски, кој во саботата вечер повторно му се обрати на Орбан, „единствениот во Европа што отворено го поддржува Путин“. „Не се плашам да ја наречам војната со неговото име – нападна шефот на украинската држава – ова се нарекува чесност, нешто што му недостига на Виктор Орбан, можеби го изгубил некаде во односите со Москва“. Сепак, интервенцијата на Зеленски, се покажа како контрапродуктивна.

Стравот, всаден од провладината пропаганда, дека опозицијата сака да ја вовлече Унгарија во војна, овластувајќи пренос на оружје насочено кон Украина, се прошири меѓу гласачите. Унгарската унија за граѓански слободи пак, пријави неправилности во гласањето – во Хортобаѓ, град во источна Унгарија, локалната власт, според активистите, организирала автобуси за да ги одведат луѓето да гласаат.

Во Украина помина успешно и одржаниот референдум со кој се забранува „промоција“ на хомосексуалност и промена на полот на малолетници помлади од 18 години. Конечните резултати од референдумот треба да стигнат утрово, но јасно е дека и во овој случај резултатот е поволен за партијата на реизбраниот претседател Орбан, пренесува раињуз.

 

Слични објави

(Фото) Игор Којиќ повторно во љубов со Хрватка: Убавата Николина беше мис, се занимаваше и со политика, а е двојно помлада од Северина

Еспресо

(Фото) Неодоливи кадри од домот на Огњен Амиџиќ, сопругата Мина сподели фотографија од нивната ќерка Лола

Еспресо

Надица Адемов си купила стан во Белград, искеширала 380.000 евра

Еспресо

(Фото) Синот на Ѓорѓе Балашевиќ, Алекса чека син: „За нејколку месеци ќе му го предадам мантатот на наследникот“

apostolova

(Фото) Скапи брендови на сите страни: Катарина Живковиќ се пофали со дел од плакарот во својот луксузен дом

Еспресо

(Видео) Тиктокер го провоцирал Драган Бјелогрлиќ во белградско кафуле, актерот му го оттурнал мобилниот

Еспресо
Се вчитува....