14.8 C
Скопје
16:21 - 25 април, 2024

Уметницата Андријана се бори со болеста на Клиника, Јулија апелира „молете се за божјо чудо“

Ќерката на популарната пејачка и водителка Јулија, уметницата Андријана Мациев, моментно е сместена на Клиниката за онкологија и се бори за својот живот.

Популарната пејачка и водителка Јулија Мациевска напиша трогателен апел на својот Фејсбук профил кој гласи „Драги мои пријатели, помолете се за моето девојче, за мојата хероина, мојата светлина. Молете се за божје чучо, зашто Андријана во болка се бори за својот живот на Клиниката за онкологија. Верувам дека бог ќе направи чудо, зашто за бог е возможно се. Секој на свој начин испратете љубов, испратете молитва, да го крене моето девојче“.

Фото-фејсбук

Во септември минатата година Андријана, жена-борец пред која симнуваме капа, се радуваше дека конечно се изборила со ракот, а за чие искуство пишуваше јавно, на социјалните мрежи.

До неодамна, додека не ја турна во кревет болеста, борбената Андријана остана полна со животна енергија и оптимизам, секогаш насмеана и подготвена да се соочи со предизвиците, а позититвноста, како што ни рече, ја добива и од ќеркичката, од мајка ѝ Јулија, од домашните миленици, и од пријателите.

– Денес го славам моето ново раѓање. Животот кој допрва за мене почнува, после цела година од карциномот – ни рече тогаш Андријана – Минатата година роденденот го прославив во кревет, а сега летам кога одам. Оваа година си реков дека 3 дена ќе го славам. Роденденот ќе го прославам во нашиот дом. Со моето мало семејство и со неколку драги личности, а секако и со сите пријатели и добри луѓе кои уште од вчера ми го честитаат. Бидејќи веке неколку години сум веган, за мојот специјален ден си нарачав веган торта.

Уметницата продолжи и да твори. Постојано беше со четката и платното на кое волшебно создаваше преубави слики, во бои кои зрачат со животна радост.

Така се викаше и нејзината изложба Живот во бои со која се претстави во Софија со 22 дела работени во акрил на платно и хартија.

Паралелно, работеше и на нејзината книга, а како што ни објасни дека сака да напише што научила низ тоа што поминала – „Низ овој процес научив и согледав многу нешта. За животот, себевреднувањето, љубовта, молитвата, луѓето кои од блиски стануваат далечни! За вербата во Бог, за искушенијата, за падот и повторното воздигување! За процесите и лекциите кои мора да ги поминеме и научиме! Ќе биде едно четиво за мотивација на сите кои се соочуваат со канцер“.

Восхитена од нејзината искреност, спонтаност, убавина, добрина, талентираност борбеност…, на крајот на јануари ја прашавме до каде е со книгата. Ни рече дека работи уште на неа, но ни откри и дека „променливо е кај мене…малку не бев добро па имав застој, но планирам на пролет да биде со сите нишани.Промоција плус изложба и уште некои изненадувања“.

Андријана, чекаме од тебе тоа што ни го вети – книга, промоција плус изложба и нови изненадувања. Пролет е!

 

Слични објави

Сеќавање на Велибор Џаровски-Џаро: „Животот е едно големо зезање“

еспресо

Откриени детали од судењето на Гоца Тржан и Маја Николиќ: Пејачката е подготвена за војна со инфлуенсерката

jasmina.kantardzieva

(Фото) Мина го покажа лицето на синот што го доби со Амиџиќ: Тој е плод на најголемата љубов што сум ја почувствувала во животот

Еспресо

(Видео) Вељко го исполни ветувањето: Расплакана Цеца му шепна емотивни реченици на синот по мечот

Еспресо

Канје Вест се впушта во порно бизнис, отвора студио: Советничка му е ексљубовницата на Трамп,Сторми Даниелс

еспресо

Почина познатиот менаџер Велибор Џаровски-Џаро

еспресо
Се вчитува....