9.8 C
Скопје
16:02 - 19 февруари, 2026

Украина и Молдавија, „да“ за кандидатурата за ЕУ: што значи тоа?

Двете земји се официјално кандидати за влез во Европската унија. Европскиот совет формално даде зелено светло врз основа на препораките на Комисијата.

„Европскиот совет го одобри статусот на кандидат за ЕУ ​​за Украина и Молдавија. Историски момент“. Соопштението, на Твитер, е од претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел. „Денешниотт ден го означува клучниот чекор во вашето патување кон ЕУ. Честитки до Зеленски и Маја Санду, до украинскиот и молдавскиот народ“.

Украина и Молдавија се официјално земји кандидати за членство во ЕУ, врз основа на препораките на Комисијата. Ова е официјално зелено светло на почетокот на процесот кој може да трае со години. Се отвора и европската перспектива за Грузија.

„Денес е добар ден за Европа. Честитки до претседателот Володимир Зеленски, претседателката Маја Санду и премиерот Иракли Гарибашвили. Вашите земји се дел од нашето европско семејство. И денешната историска одлука на лидерите го потврдува тоа“, пишува претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во твит.

И за украинскиот претседател Володимир Зеленски, ова е единствен и историски момент. За францускиот претседател Емануел Макрон тоа е многу силен сигнал до Русија и важен факт во контекст на војната. „Гледаме феномен на замор во некои земји поради проширувањето, бидејќи патот е долг и тежок. Ќе треба многу време, да бидеме искрени. Наместо тоа, треба да работиме побрзо за да го стабилизираме нашето соседство“, рече Макрон.

На хартија, проширувањето на Европската унија е отворено за секоја европска земја која е демократска, која гарантира слободен пазар и која има намера и капацитет да го имплементира правото на Унијата. Критериумите за пристапување се вклучени во европските договори, но потоа институциите на ЕУ се тие кои оценуваат земја по земја.

Со Украина и Молдавија има официјано уште седум земји кандидати: Турција, чија кандидатура датира од 1999 година, Северна Македонија од 2004 година, Црна Гора од 2010 година, Србија од 2012 година, Албанија од 2014 година. Овие датуми покажуваат дека времињата и проценките се долги. А ќе бидат и за Украина.

Албанија и Северна Македонија спроведоа многу реформи во последниве години, но не добија зелено светло за отворање на пристапните преговори поради блокадата на Бугарија. За членството, како и за многу други прашања во Европа, потребна е едногласност, истата едногласност која исто така блокираше дел од санкциите против Русија во последниве месеци.

Албанскиот премиер Еди Рама упати остра порака: „Срамота е што една земја на НАТО, Бугарија, држи во заложништво две други земји членки на НАТО, Северна Македонија и Албанија, среде војна во нашиот двор и уште 26 членки на ЕУ кои останаа немоќни“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ISPI (@ispigram)

Босна и Херцеговина сè уште не добила статус на земја кандидат. Истото важи и за Косово, кое исто така има проблем со меѓународното признавање. „Постои силна политичка волја да се ревитализира процесот со Западен Балкан, да се испрати многу јасна и силна порака“, увери претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел.

 

 

Слични објави

(Фото) Боса и со гол стомак: Катарина Живковиќ ужива во зајдисонцето среде пустина

Еспресо

Годишнина од смртта на Ѓорѓе Балашевиќ – Сопругата Оливера: „Засекогаш остави прозор преку кој комуницираме“

Еспресо

Цеца отворено за ромските веселби и бакшишот: „Би навредила некого ако одбијам!“

Еспресо

(Фото) Синчето на Едина Муса и Мачка наполни 1 година: Цела соба со играчки и балони, а и нов велосипед за малиот славеник!

Еспресо

Синот на Снежана Ѓуришиќ претепан поради долг од 500 евра: Откриени детали за четиричасовното малтретирање

Еспресо

„Простете ми за моето грдо минато“: Аца Лукас проговори за дуетите со Цеца и направените грешки

Еспресо
Се вчитува....