16:37 - 9 април, 2026

Уапсен познат српски естраден менаџер: Во станот му нашле дрога

Новак Радин, познат српски естраден менаџер, бил уапсен пред два дена во Белград, под сомнение дека учествувал во препродажба на кокаин. При полициската акција пронајдени се околу 50 грама кокаин и околу половина милион динари, како и недозволено поседување пиштоли и муниција од различен калибар. Радин ќе биде изведен на распит во Вишото јавно обвинителство во Белград, по што ќе бидат познати повеќе детали за овој случај.

Новак Радин е познат по своите соработки со големи имиња од српската естрада, меѓу кои Јелена Карлеуша, Шако Полумента, Андреана Чекиќ и Вук Моб. На својот Инстаграм профил често споделува фотографии со овие познати личности, давајќи увид во неговиот професионален живот и соработката со нив.

Го следат бројни познати личности, па јасно е дека многумина се шокирани од оваа информација за неговото апсење и едвај чекаат нови детали. Неодамна најмногу објавуваше фотографии со популарната пејачка Андреана Чекиќ, па се претпоставува дека ѝ бил особено близок.

Исто така, Новак е пријател и соработник на Ненад Алексиќ Ша, актуелен учесник на Елита, кој е познат по бројни скандали, а прашање е како ќе реагира Алексиќ кога ќе дознае што се случило во надворешниот свет.

Поранешната сопруга на Ненад, Ивана е блиска со Новак, што го потврдуваат и нивните заеднички фотографии на кои Радин ја нарекува „кума“.

Слични објави

Клиника „Жан Митрев“, дел од панел-дискусијата за органодарителство

apostolova

Синот на Харис Џиновиќ започна сопствен бизнис: „Не сакаше да биде само син на познат пејач“

Еспресо

Буба Корели ја замени затворската казна со парична уплата од околу 12.000 евра

Еспресо

(Фото) Сексапил и естетика: Марјана Станојковска во уникатно издание

Еспресо

Како правилно да ги негувате хортензиите за да цветаат цело лето

Т.Ц.

(Фото) Во гламур и бела естетика: Аделина Тахири го одбележа 35. роденден со невообичаена роденденска „торта“

Еспресо
Се вчитува....