-1.2 C
Скопје
01:21 - 18 јануари, 2025

Три хороскопски знаци кои се вистински „мајстори“ за уништување на своите љубовни врски

Погледнете ги следниве 3 хороскопски знаци кои под влијание на своите ѕвезди постојано ги уништуваат своите врски…

Понекогаш имаме чувство како да сме направиле сè правилно, но сепак на крајот врската завршила. И токму тогаш се наоѓаме во ситуација на збунетост и не можеме да сфатиме што тргнало наопаку. Но, изгледа не секогаш сме ние криви. Погледнете ги следниве 3 хороскопски знаци кои под влијание на своите ѕвезди постојано ги уништуваат своите врски…

Бик

Биковите се доживуваат како силни, самосвесни и амбициозни жени, но мажите во нив секогаш гледаат жени кои си се доволни самите себеси. Тие несомнено привлекуваат со својот шарм и отвореноста на умот, но оние кои се со нив во врска чувствуваат како постојано да се на тест и како да им се поставуваат предизвици кои покажуваат до каде се подготвени да одат.

Биковите често се чувствуваат како да се во некаков вид натпревар, бидејќи во нивната природа е да докажат дека можат да направат сè подобро и побрзо, па затоа и нивните партнери се чувствуваат како да се во нивна сенка. Зборливоста на Биковите им е симпатична на почетокот, но како што поминува времето така таа почнува да ги нервира нивните партнери. Ако цело време само вие зборувате, како очекувате да го задржите покрај себе?

Девица

Девиците се паметни, интересни и духовити, но тоа не е доволно за да го задржат покрај себе оној кој го сакаат. Најпрво тие глумат кралица која живее на врвот од леден брег и целосно се воздржуваат при покажувањето на нивните емоции. Но, во истиот момент кога нивниот партнер ќе се навикне на ова однесување, тие се претвораат во несигурни емоционални девојчиња.

Девиците знаат и по 100-тина љубовни пораки дневно да му испраќаат на своето момче, а кога му се јавуваат, му шепотат и звучат како 5-годишни девојчиња. На нивните средби тие скокаат врз својот партнер небаре се вратил од војна бидејќи им делува како да прошле 3 години откако се виделе, но во реалноста поминале едвај 16 саати. Токму оваа опсесија со контролата го излудува, но не на оној начин на кој вие би сакале.

Водолија

Водолиите не барат партнер, туку предизвик. За нив не се интересни оние обични и секојдневни момци кои можат да се најдат на секој чекор. Токму затоа и имаат тенденција да одберат личност со маани и емоционална недостапност. На нив гледаат како на сопствен мал експеримент чија цел е поправање и лепење на скршените и растурените делови.

Водолиите не сфаќаат дека не е нивна задача да ги менуваат и креираат своите партнери, па токму затоа и се скршени откако партнерот ќе ги напушти. Тие оваа постапка ја гледаат како неблагодарност за целиот вложен труд во него. Размислете, дали тој некогаш од вас побарал да му помогнете или пак, вие самите сте го заклучиле тоа? Наместо да се трудите толку да ги менувате другите, помогнете си себеси и обидете се вие да станете подобри.

Слични објави

(Фото) Сите на куп: Драгана Мирковиќ со децата и снаата ужива во луксузот на Дубаи

Еспресо

(Видео) Секогаш насмеана и згодна: Лила Филиповска се присети како изгледала низ времето

Еспресо

Јелена Карлеуша призна, повеќе не ги крие чувствата кон кошаркарот: „Многу ми се допаѓа…“

Еспресо

(Фото) „Сите сме наши, само…“: Јована Јеремиќ се возеше во метро во Америка, патниците непријатно ја гледаа

apostolova

Се огласи Миша Гроф откако Николина Пишек беше тужена од ќерката на Видоје од првиот брак: На сѐ што има право едното дете, право има и другото…

Еспресо

(Фото) Презгодна Сандра: Поранешната сопруга на Милан Калиниќ изгледа бомбастично во црн комбинезон

Еспресо
Се вчитува....