13:46 - 12 март, 2026

Трамп: „Кога ќе бидам претседател ќе ги вооружам учителите“, „праќаме милијарди во Украина, а можеме да им обезбедиме сигурност на училиштата“

Поранешниот претседател на Америка,  говорејќи во Хјустон на конвенцијата за лоби за промовирање на употребата на оружје, најавува повторно кандидрање за претедател во 2024 година и вели: „Ако испраќаме милијарди во Украина, можеме да им обезбедиме сигурност на училиштата“.

„Кога ќе бидам претседател по втор пат, ќе се занимавам со елиминирање на злото“: во негов уникатен стил, Доналд Трамп фрли две бомби на конвенциската сцена на NRA (National Rifle Association).

Објавувајќи ја својата повторна кандидатура  на изборите во 2024 година, поранешниот американски претседател, тврди дека може да го елиминира коренот на проблемот – злото. Трамп, зборувајќи речиси еден час, потоа ја претстави својата агенда за национална безбедност.

Трамп беше пречекан со ентузијастички извици и долги аплаузи. „За разлика од некој друг, не сум ве разочарал и тука сум“,  „Вие сте столбот на нашето општество“, додаде њујоршкиот тајкун, потсетувајќи на „ужасниот масакр на Увалде“. Поранешниот претседател ги прочита и сите имиња на жртвите. Трамп не пропушти прилика и да го нападне претседателот Џо Бајден од сцената на конвенцијата.

„Ако можеме да испратиме милијарди во Украина, можеме да направиме се што е потребно за да ги обезбедиме училиштата“, нападна поранешниот претседател. „Сакаме да ги спасиме животите на нашите деца, училиштата не треба да бидат најлесната мета за напда“ рече Трамп, покренувајќи го повторно предлогот за вооружување на наставниците. „Нема ништо поопасно од зона без оружје“, продолжи Трамп, додавајќи дека „постоењето на злото во нашиот свет не е причина да се разоружаат граѓаните кои го почитуваат законот, туку тоа е една од најдобрите причини да ги вооружиме“.

„Постои гротескен напор од одредени политичари да ја искористат болката на семејствата“, продолжи Трамп, со индиректната референца насочена кон Џо Бајден.

Надвор од местото на конвенцијата, се собраа демонстранти и протестираа против оруженото насилство. Меѓу нив беа и бројни членови на семејства на луѓе кои биле убиени од огнено оружје, вклучително и многу мајки кои морале да ги закопаат своите мртви деца поради маскарки во училишта. На протестите присуствуваше и демократскиот кандидат за гувернер во Тексас, Бето О’Рурк , кој одржа краток говор потсетувајќи на жртвите од масакрите во Увалде, Сенди Хук и Паркленд.

Слични објави

(Фото) Голема роденденска забава за малиот Перун: Синот на Огњен Амиџиќ наполни две години

Еспресо

Една година пред да почине ѝ се случи нешто важно: Помалку позната приказна за Атина Апостолова

msp-admin

Естрадата се простува од братот на Дарко Лазиќ: Слоба и Јелена го посетија пејачот во Брестач

Еспресо

Убави вести од Спасен Силјановски, во приказната е и Сузана Гавазова

msp-admin

Весна Петрушевска со емотивна објава и поддршка за Димитар Андоновски

msp-admin

Емотивен момент: Марија Шерифовиќ запеа со момче со Даунов синдром

msp-admin
Се вчитува....