Том Круз си замина од својот луксузен стан во Лондон вреден 35 милиони фунти (40,13 милиони евра) откако заклучи дека Лондон повеќе не е безбедно место за живеење, пишува „Мирор“.
Ѕвездата од „Невозможна мисија“ купи пентхаус во „Уан Хајд Парк“ во Најтсбриџ и беше познат по тоа што уживаше во утринските прошетки низ областа.
Сепак, неодамна банда провали во луксузната продавница „Бучерер“ на приземјето од неговата зграда, а шест вооружени крадци украдоа часовници „ролекс“ во вредност од илјадници фунти, што беше причина Круз повеќе да не се чувствува безбедно.
Извор наведува дека шеесет и тригодишниот актер веднаш го напуштил својот стан и се вратил во Америка. Според изворот близок до Круз, пред да замине, актерот рекол дека е загрижен дека нема доволно обезбедување.
– Вооружениот грабеж е доказ дека има недостаток на безбедност во дел од Лондон со станови од повеќе милиони фунти. Често сакаше да шета низ таа област, но Најтсбриџ се чини дека станува сè помалку безбеден, недела по недела. Тој едноставно чувствуваше дека областа е запуштена во последните година-две – рекол изворот.
Веројатно не ја донел лесно одлуката да се врати во САД, бидејќи не толку одамна со ентузијазам зборуваше за Британија и дека таму се чувствува како дома.
– Претпоставувам дека сум англофил. Поминувам многу време во Британија, и тоа не само за работа. Едноставно обожавам да бидам тука. Тоа е фантастична мешавина од старо и ново. Сакам да ги видам знаменитостите, Лондонската кула, Нелсоновата колумна, Бакингемската палата и сите тие фантастични места кои се полни со историја“, истакнал Круз во една прилика.
– Британија е исто така во тренд и има многу работи што другите земји ги копираат од неа. Исто така, ја сакам британската природа. Гледањето крави и овци на полињата тука е толку британско и исто како она што го гледаме во филмовите во Америка. Секогаш се прашував дали е навистина така. Одлично е да се вратиш во САД и да кажеш: „Да, навистина е така“- додал тој.
Откако се пресели во Велика Британија во 2021 година, Круз се погрижи да се вклопи во британската култура, присуствувајќи на разни настани во неколкуте години кога Лондон го нарекуваше свој дом.
