00:31 - 18 јули, 2026

Нада Топчагиќ пронашла богатство вредно 15.000 евра во контејнер: „Не собирам сешто, само гледам што е добро“

Пејачката Нада Топчагиќ призна дека често зема работи што ѝ се допаѓаат од контејнерот, а еднаш пронашла слика, која успејала да ја продаде за голема сума.

Пејачката зборуваше за моментите кога „копала“ во контејнер и извадила уметничка слика што едвај ја однела до дома. Нада не зема фрлени работи затоа што нема од што да живее, туку тоа ѝ доаѓа како еден вид хоби.

– Поминувам покрај контејнер и гледам слика. Размислувам како да ја носам таа слика, голема слика. Ја земав сликата и ја ставив под контејнерот, потоа го однесов Бажа (кучето) на прошетка низ град, се вратив, ја земав сликата и ја однесов на проценка. Знаете какви работи земав, вредни, од контејнерот. Тоа го прават сите на светот! Имам една кофа што ја најдов на истото место, кофа направена во 1948 година. Но, јас не собирам сè, веднаш гледам што е добро, а што не – рекла Нада во една прилика.

Кога ја прашале што направила со таа слика, одговорот ги изненади сите: „Ја  продадовме, за 15.000 евра“.

Како што рекла пејачката, таа зема сè што ќе најде на улица и го чува во подрумот.

– Сè правам сама низ куќата, Златко ми помага секако, но сакам повеќето работи да ги преземам на себе. Лудо е со мене, ако најдам дрва на улица, ги собирам и ги складирам во подрумот. Земам сè што е до контејнерот ако е добро. Не се срамам од тоа – искрено рекла пејачката низ смеа.

Слични објави

Се огласи докторката која ја породи Анастасија: Објави слика од малиот Илијан и упати емотивна порака

Е.А.

(Фото) Сестра му на Стефан Лазаров во бикини ги воодушеви следбениците — по свршувачката ужива во летните денови

apostolova

Семејството на Тоше Проески се дистанцира од концертот во Сплит: „Немаме дадено дозвола“

Еспресо

(Фото) Ова е новата јахта на Брена и Боба: Ја купиле во Италија за баснослова сума

Еспресо

(Фото) Моника Црнокрак со момчето ужива на планина: „Скриени места во лето“

Еспресо

Десингерица одговори на петицијата за забрана на неговите настапи во Црна Гора: „Тоа се лични фрустрации“

Еспресо
Се вчитува....