6.6 C
Скопје
03:54 - 1 април, 2026

„Тоа не се мали пари…“: Се огласи директорот на хрватската болница во која Бејби Лазања сака да донира пари

Иако, хрватската влада одлучи да му даде парична награда од 50.000 евра на Бејби Лазања за освоеното второ место на Евровизија, евровизискиот претставник рече дека сепак не може да ја прими и дека за тоа постојат многу причини.

Бејби Лазања (Марко Пуришиќ) одлучи средствата да се донираат во две болници во Хрватска, односно 25.000 евра на Заводот за детска онкологија и хематологија со дневната болница „Младен Ќепулиќ“ и 25.000 евра на Заводот за педијатриска онкологија и трансплантација на крвотворни матични клетки КБЦ Загреб.

Неговата одлука предизвика голем број позитивни реакции, а се огласи и Горан Роиќ, директор на Клиниката за детски болести Загреб.

„Оваа вест ја примивме со воодушевување, навистина нè изненади, но кога ќе размислам и ќе видам колку е нормален и одличен Марко во сето ова, од друга страна, можам да си објаснам. Многу ни значи, да мислиме на оние на кои им е потребна помош во овој случај, можеби има и такви на кои им е повеќе потребна од малите онколошки пациенти, но секако дека сме исклучително благодарни“, изјавил тој за „РТЛ“.

„Тоа не се мали пари, секоја помош е добра за нас, особено кога е на ваков начин, со ваков гест и тие пари ќе ги искористиме за да ги зголемиме условите за лекување и престој на малите пациенти на одделот за онкологија. Колегите рекоа дека сакале да го поканат и да го угостат Марко да ја посети болницата и одделот“, рекол тој.

Бејби Лазања моментално е една од најомилените личности во Хрватска. Освен што за малку ќе ѝ донесеше победа на својата земја на Евровизија, многумина истакнуваат дека заслужува внимание и поради скромноста што ја покажа на подготовките за големото музичко натпреварување. Тој го освои второто место на Евровизија, но неговите сонародници му приредија одличен пречек.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....