19:37 - 17 септември, 2026

Тинејџерот Димитар од Прилеп го освои првото место на музички натпревар во Бугарија

Димитар Иваноски од Прилеп има 13 години, тој е дете со оштетен вид и голема гордост за Македонија. Тој за јавноста стана популарен пред неколку години, откако го покажа својот талент за пеење. Димитар неодамна се врати со прва награда од Бугарија, каде што учествуваше на престижниот меѓународен музички фестивал „Tryavna Music Cup 2026“ во конкуренција со над 400 изведувачи.

Таму настапи со песната „Као моја мати“ од Здравко Чолиќ во категорија „Евергрин“ (Evergreen), а со својот настап тој ги воодушеви жирито и публиката. Покрај признанието за освоеното прво место, младиот музичар доби и големи пофалби од организаторите, фестивалскиот директор и членовите на стручното жири за својот вокален квалитет, посветеност и сценски настап.

Димитар шест години активно се занимава со музика, а паралелно посетува часови по соло пеење кај Денис Димоски.  Досега има објавено две авторки композиции.

Неговата најголема желба е да стане познат пејач, а богами како му тргнало голема е веројатноста дека еден ден сите ќе се радуваме на неговите хитови.

Младото момче пее како ангел и не ја остава рамнодушна својата публика, а од фестивалите со натпреварувачки каракер никогаш не се враќа со празни раце.

Тој досега има учествувано на повеќе од десетина интернационални натпревари каде што има освоено три први места и неколку втори и трети места. Годинава беше единствениот претставник од Македонија на јубилејниот фестивал „Мајска песна“ во Ниш, еден од најстарите детски фестивали на овие простори, на кој настапи во живо со неговата последна авторска песна со камерен оркестар од 30 членови и детски хор од 50 членови. Освои прво место и на државниот натпревар како претставник на училиштето „Блаже Конески“.

Во интервју за „Слободен печат“ открива дека голема желба му е да настапи на Евровизија, а дует посакува со популарната пејачка Тина Русева.

 

Слични објави

(Фото) „Љубови“: Емилија Мицевска ужива во првиот семеен одмор со синчето Давид

Еспресо

Ќерката на Николина Пишек казнета со 1.500 евра: Не се појави на судењето за милионскиот грабеж, судијката издаде налог за приведување

Е.А.

Жаре од „Еден на еден“ стана татко по вторпат – неговата сопруга ја објави првата фотографија со малата Саша

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Што е перзистентниот форамен овале?

Еспресо

Која боја ви носи среќа оваа есен? Хороскопот открива нијанса за секој знак

Т.Ц.

(Фото) Македонскиот мистер Октај Сејди изгледа како бог – покриен само со чаршаф позира во Тајланд

Еспресо
Се вчитува....