11.8 C
Скопје
18:57 - 28 октомври, 2026

(Фото) Луна Ѓогани сподели слатка фотографија од ќерките — Миа и Лана позираа во исти фустанчиња

Луна Ѓогани на Инстаграм објави фотографија од своите ќерки, Миа и Лана, со која ги воодушеви своите следбеници.

Девојчињата позираа во домашна атмосфера, облечени во исти шарени тул-фустанчиња со мотиви на еднорози и цвеќиња. Помладата Лана во рацете држеше кукла, додека Миа позираше со високи бели чизми.

Фото: Скриншот/Инстаграм

Луна и претходно јавно зборувала за тоа колку ги сака децата, откривајќи дека би размислила и за посвојување.

„Кога би можела и кога би имала услови, можеби би посвоила дете. Би сакала да им помогнам на сите деца на светот. Исто така, би ги вдомила сите животни. Кога би имала голема куќа, би ги примила сите“, изјавила таа во емисијата „Премијера викенд специјал“.

Инфлуенсерката често истакнува дека сопругот Марко Миљковиќ ѝ е најголема поддршка и дека сите домашни обврски ги делат подеднакво.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Luna Djo Miljković (@luna_djogani)

„Марко сака да прави сè, а потоа има жени кои ме критикуваат затоа што мојот сопруг учествува во домашните работи. Работиме заедно, а и дома сè правиме заедно. Не го терам да мие садови, да пере или да готви – тој сам сака“, рекла Луна.

Осврнувајќи се на нивниот брак, таа неодамна изјави дека, и покрај повремените гласини за развод, нивната врска е стабилна.

„Марко и јас сме деловни партнери, сопружници, родители, пријатели и поддршка еден на друг. Бракот не е воопшто лесен, особено кога работиме заедно. Тоа е голем проект на кој мора да се работи секој ден. Потребни се многу компромиси и разговори, но ние сме заедно и се сакаме“, изјавила Луна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Luna Djo Miljković (@luna_djogani)

Слични објави

Игор Џамбазов ќе биде домаќин на голема македонска кафеанска вечер во Скопје: Познати пејачи ќе ги пеат најголемите хитови

msp-admin

Ќерката на Сара Мејс тргна по стапките на мајка ѝ: Илина вежба харфа наместо да гледа во телефон

Еспресо

(Фото) Ги покажа своите извајани мускули – Раста се соблече по неверојатната трансформација

Еспресо

(Фото) „Моето омилено место“: Мина покажа како Огњен Амиџиќ ужива со децата

Еспресо

(Фото) „Турскиот Бред Пит“ го прослави 43. роденден: Сопругата му упати љубовна честитка

Еспресо

Постојано ви е студено, дури и кога на другите им е топло? Ова се можните причини

К.С.
Се вчитува....