12.8 C
Скопје
17:47 - 28 октомври, 2026

Нина Бадриќ во опуштено издание на Хвар: Тука сум слободна, босонога и стопена со природата

Хрватската музичка ѕвезда Нина Бадриќ моментално ужива во својот летен одмор на островот Хвар, а со своите обожаватели сподели моменти на целосно опуштање. По успешната концертна сезона, пејачката реши максимално да се препушти на мирот и убавината на Јадранското Крајбрежје.

На својот инстаграм-профил Нина објави низа фотографии без шминка и во едноставно издание, откривајќи што за неа значи вистински одмор.

„Овде се чувствувам како дете и веројатно затоа постојано му се враќам на ова чувство. Тука нема шминка, нема позирање. Тука сум слободна, босонога, стопена со природата, со мирисот на лаванда и морето како лек, изолирана од сè. Уште да се тргнам од социјалните мрежи и детоксот би бил целосен“, искрена е Бадриќ, додавајќи дека секогаш кога ја слуша музиката на Оливер Драгоевиќ, го гледа морето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nina Badrić (@badrich)

Нејзината објава веднаш собра бројни лајкови и позитивни коментари од фановите, кои упатија комплименти за нејзиниот природен изглед, нарекувајќи ја „жена со стил, достоинство и вистинска дама“.

Слични објави

(Фото) Ги покажа своите извајани мускули – Раста се соблече по неверојатната трансформација

Еспресо

(Фото) „Моето омилено место“: Мина покажа како Огњен Амиџиќ ужива со децата

Еспресо

(Фото) „Турскиот Бред Пит“ го прослави 43. роденден: Сопругата му упати љубовна честитка

Еспресо

Постојано ви е студено, дури и кога на другите им е топло? Ова се можните причини

К.С.

„Знам дека е оженет, но што сега“: Наташа Беквалац изненади со изјавата за својот колега

Еспресо

Личната готвачка на Новак Ѓоковиќ ги откри тајните на неговата исхрана

Е.А.
Се вчитува....