5.8 C
Скопје
02:46 - 1 април, 2026

Тепачка и веридба на концертот на Александра Пријовиќ во Ниш: Интервенирала и полицијата

Популарната српска пејачка Александра Пријовиќ синоќа го одржа својот втор по ред концерт во Ниш, каде уште еднаш ја маѓепса публиката во „Чаир“.

Тоа била вечер за паметење, освен група момчиња кои се степале во партерот и направиле целосен хаос. На крајот од концертот двете момчиња се степале, а по вербалниот конфликт настанала физичка пресметка во која учествувале неколкумина од нив.

Обезбедувањето веднаш реагирало и ги избркало, а на излезот биле приведени. Александра нормално го одржала концертот до крајот, без никаков прекин.

Меѓутоа, во текот на концертот на Пријовиќ, се случил и еден емотивен момент.

Еден дечко, синоќа ја запросил својата девојка на концертот на популарната Прија, што ја одушевило пејачката, а таа го прекинала концертот.

– Честитки од сè срце. Прекрасно. Ви посакувам сè најдобро и се надевам дека уживате вечерва. Ве бакнувам, се надевам дека ќе ви донесам среќа – одушевено рекла Александра.

Нејзините зборови биле проследени со громогласен аплауз, по што Прија го продолжила концертот.

 

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....