11.8 C
Скопје
13:24 - 30 март, 2026

​​Таткото на пејачката што падна од 24. кат во Дубаи се огласи по погребот: Со тажна порака се прости од Андријана

Таткото на српската пејачка и дипломиран правник Андријана Лазиќ, која падна од 24. кат во Дубаи, се огласи по погребот. Андријана трагично загина на 10 јануари, на 28-годишна возраст.

Телото на Андријана завчера беше донесено на белградскиот аеродром, а таа беше погребана вчера, 19 јануари, во Велина Село, родното место на нејзиниот татко.

По погребот, таткото на Андријана, Небојша Лазиќ, на социјалните мрежи објави видео колаж од фотографиите на својата ќерка.

„Те сакам“, наведе неутешниот татко и додаде емотикон со скршено срце.

Во друга објава го фотографирал ковчегот и напишал:

„Едно е сигурно, секогаш ќе го паметиме времето што го поминавме со неа. Патувај адвокатке и нека те чуваат ангелите.“

Инаку, на погребот вчера се појавија нејзините другарки кои беа со Андријана во Дубаи, но не кажаа ниту збор за трагичниот настан.

Другарките на Андријана носеа бели маици со ликот на Андријана преку јакните, за последен пат да ѝ оддадат почит.

 

Слични објави

(Видео) Северина и Нина Бадриќ заедно ја испејаа најтажната песна на роденден

msp-admin

(Видео) Елена Велевска: Го спасив семејството од сиромаштија

msp-admin

(Фото) Растеше скромно, со една плата: Ова се родителите на Здравко Чолиќ

Еспресо

(Видео) Се вратив дома по 3 сабајле: Наум Петрески откри што му се случило на настап во Прилеп

Еспресо

(Фото) Копија на татко му: Шестгодишниот син на Вељко Ражнатовиќ ги покажа исклесаните стомачни мускули!

Еспресо

(Фото) Гавазова изненади во холивудски гламур, ваква не ја знаеме

Еспресо
Се вчитува....