02:52 - 5 април, 2026

Таа нема само стан од 300.000 евра, таа поседува и планина! Гога Секулиќ откри каков имот има, еве што доби нејзиниот син од татко му во Дубаи!

Фолк пејачката Гога Секулиќ живее со својот син во стан на Врачар, а своевремено открила дека нејзиниот наследник добил стан од таткото за роденден, иако има само пет години.

– Сега ќе кажам ексклузивно, можеби неговиот татко ќе се налути. Тој доби стан во Дубаи од својот татко. Најважно за мене е двајцата родители да бидат тука. Децата треба да бидат максимално испочитувани и сакани. Двајцата родители треба да учествуваат во воспитувањето на детето – смета Гога и открива во какви односи е со својот поранешен сопруг.

– Во добри односи сме, многу коректни. Би сакала така да остане – заклучила Гога, па во една прилика проговорила за недвижностите.

– Бидејќи пејачите се фалат дека имаат многу недвижности, еве ќе кажам и јас, имам два стана и еден автомобил. Станот на Врачар вреди 300.000 евра. Уредно го платив данокот за него – рекла Гога со насмевка во емисијата „Премиера викенд специјал“.

Покрај тоа, пејачката и нејзината сестра наследиле и големо богатство во Црна Гора.

– Мојата сестра доби куќа покрај море, а јас добив планина во Мојковац – раскажала Гога во емисијата „Ѕвездите на Гранд специјал“ и додала:

– Не е планина буквално, повеќе како рид, но не ми е дозволено да кажам колку е тоа рид. Има многу хектари – рекла Гога смеејќи се.

А кога ја прашале што планира да прави со толку многу земја, Секулиќ одговарила:

– Па, мислев на малку рафтинг. Мислам дека во иднина, кога ќе се оди во пензија, мора нешто да се прави, ќе пеам од ридот – се пошегувала таа.

Да потсетиме, Гога и Урош Домановиќ, со кого пејачката има син, се разведоа во март 2022 година.

– Вистина е дека се разведуваме, така е подобро и за детето, а и за нас двајцата. Мене ми здодеа во бракот да бидам и маж и жена, како и татко и мајка на детето. Урош и јас се договоривме за сè и тука нема место за никакви скандали и сензации. Во секој случај, двајцата секогаш ќе донесуваме одлуки што се најдобри за нашиот син, а мене тоа секако ми е најважно – рекла Гога тогаш.

 

 

 

Слични објави

Килијан Мбапе и Естер Експозито ги разгореа гласините дека се во врска откако испија кафе заедно

Т.Ц.

(Предлог филм за саботна вечер) Романса како таа на Хемфри Богарт и Лорин Бекол во „Казабланка“ тешко дека може да се повтори

Т.Ц.

Слобода Миќаловиќ и Војин Ќетковиќ трипати застанале заедно пред олтарот – погледнете како изгледале на вистинската венчавка

Т.Ц.

Што јадат астронаутите од мисијата Артемис, кои тргнаа кон Месечината и кои лични предмети ги понеле со себе

Т.Ц.

Оженет и пресреќен поради синот: Поранешниот дечко на Милица Тодоровиќ откри во какви односи е со пејачката после сè

Е.А.

Внесете го велигденскиот дух во сечиј дом, подарете светлина што има значење

Еспресо
Се вчитува....