5.8 C
Скопје
23:40 - 14 март, 2026

Таа е најобразованата пејачка на српската естрада: Неодамна стана доктор на науки и сега ја има оваа титула

Српската пејачка Тамара Драгиќ, која се прослави во музичкото натпреварувачко шоу „Звездите на Гранд“, неодамна стана мајка, а важи за една од најобразованите музичари на српската естрада.

Имено, таа во јули минатата година се пофали дека успешно ја одбранила докторската дисертација со што станала најобразованата жена на естрадата.

– Можете да ме викате докторка, бидејќи од денеска и официјално сум доктор по културни науки. Оваа докторска дисертација произлезе од желбата да дадам свој личен придонес за зголемување на безбедноста во сообраќајот во нашата земја. Бидејќи во последните години се соочувам со состојбата на безбедноста во сообраќајот, каде зголемениот обем на сообраќајни несреќи одзема голем број животи, одлучив со помош на науката да дојдам до одговорот на прашањето: „Како да се зголеми нивото на безбедност во сообраќајот на патиштата“ – рекла Тамара и додала:

– Научното и стручното усовршување на патот кон докторските студии ми даде нова перспектива во размислувањето, разбирањето и прифаќањето. На овој пат, полн со предизвици, имав можност да работам со многу прекрасни луѓе кои, секој на свој начин, придонесоа за мојот раст и развој низ сите овие процеси и фази и го олеснија сето тоа.

– Им благодарам на сите што ме поддржаа и на сите кои на кој било начин придонесоа за квалитетот на оваа дисертација. Оваа докторска дисертација му ја посветувам на својот татко без кој ниту оваа животна цел немаше да биде остварена. Вашата д-р Тамара Драгиќ – напишала таа, а честитките од пријателите и колегите се нижеле во коментарите.

Тамара Драгиќ, инаку, магистрирала музичка педагогија на Факултетот за музички уметности. Таа своевремено работела како стјуардеса, а покрај музичката кариера работи и во една државна компанија.

– Генерално луѓето сакаат да етикетираат, но јас работам и во државна компанија и магистрирав музичка педагогија, предавам солфеж, пијано и пеење, а во моментот сум на докторски студии – истакнала Тамара неодамна за „Грандонлајн“.

 

Слични објави

Цеца Ражнатовиќ се вози со автобус – во рака носи торба од 40.000 евра, а еве кој ѝ прави друштво

E.A.

„Не постои толку мека перница како мирната и чиста совест“: Уживајте во овие мудри зборови за животот, љубовта, среќата…

Еспресо

(Видео) Дарко Лазиќ објави емотивна снимка со брат му Драган: „Спомените остануваат засекогаш“

Еспресо

Како да ја ублажите силната главоболка?

Еспресо

Астростил: Како хороскопот ја обликува вашата гардероба и ве прави неодоливи

Еспресо

(Фото) „Светот ги сака победниците“: Мајката на Милица Тодоровиќ со порака за ќерката во екот на скандалот

Еспресо
Се вчитува....