14:42 - 6 ноември, 2026

(Фото) Емина Јаховиќ потрошила милион евра за станот: Пејачката го купила само поради прекрасниот поглед на Босфор

Емина Јаховиќ и нејзините синови Јаман и Јавуз неодамна се преселија во луксузен стан во Истанбул со поглед на Босфор. А, како што пишуваат српските медиуми, токму локацијата била пресудна за пејачката да потроши неверојатни милион евра за својот дом, кој го опремила со детали купени од целиот свет.

-Пред сè, морам да нагласам дека местоположбата на овој стан ми беше пресудна бидејќи е блиску до сè што ми треба во текот на денот, па можам да одам на повеќе места, за разлика од мојата куќа која беше во природа, а за се ми требаше многу подолго – открила Емина во едно интервју.

Домот на Емина Јаховиќ е украсен како средба на старото и новото, а пејачката не крие дека при украсувањето сè правела во консултација со стручни лица кои и помогнале да избере од мебелот до најситните детали.

– При изборот на простор за живеење пресуден беше и погледот кон Босфорот кој ми е исклучително смирувачки. Го сакам минимализмот со допир на елеганција, мешавина од мермер и дрво и комбинирање старо и ново. Секогаш имам архитект кој само ја следи мојата линија, за што се чувствувам добро – рекла Емина.

Слични објави

На овој чоколаден колач со јаболка тешко дека ќе можете да му одолеете – не содржи ни јајца ни млеко

Т.Ц.

Зорица Марковиќ за преживеаната клиничка смрт: „Ја видов белата светлина“

E.A.

Драгана Мирковиќ искрено за својата неостварена желба: „Не можев да имам трето дете, многу страдав“

Еспресо

(Фото) Маја Шупут го покажа своето ново милениче: „Ни ги украде срцата“

Еспресо

(Фото+видео) Фризурата на Тамара Калиниќ ги освои жените, еве како да ја направите

Еспресо

(Фото) Познататa босанска актерка се потсети на старите времиња со Горан Баре и Халид Бешлиќ: Уметноста секогаш ги зближува луѓето

Еспресо
Се вчитува....