11:38 - 7 ноември, 2026

Таа била љубовта на неговиот живот: Ќерката на Реј Лиота го запознала со жената со која планирал да се ожени

Ненадејната смрт на познатиот актер Реј Лиота ги шокираше неговите обожаватели. Лиота почина на 67-годишна возраст за време на неговиот престој во Доминиканската Република, каде што го снимаше филмот „Опасни води“.

Како што наведува филмскиот портал Deadline, Лиота починал во сон и нема никакви сомненија дека неговата смрт била насилна. Со него на снимање била и неговата свршеница Џејси Нитоло, а парот ја објави свршувачката во 2020 година.

Реј се сврши со 21 година помладата Џејси во декември 2020 година, нарекувајќи ја „љубовта на неговиот живот“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ray Liotta (@rayliotta)

– Божиќните желби навистина се остваруваат. Ја прашав љубовта на мојот живот дали ќе се омажи за мене и, фала му на Бога, таа рече да – напиша тој на Инстаграм.

Интересно е да се забележи дека Лиота и Џејси ги споила неговата 23-годишна ќерка Карсен, која ја добил со неговата прва сопруга Мишел Грејс. Карсен и синот на Џејси, кои се врсници, се запознале на забава, а Карсен потоа и предложила на неговата мајка да излезат со татко и. Како што откри Лиота во едно интервју, на почетокот не сакала ни да слушне за тоа.

– Кога дозна кој сум, рече: почекај малку, нели е во шеесеттите? Јас сум во 40-тите – рекла таа.

Тој додал дека тоа на почетокот не му одговарало бидејќи имала многу мал син.

– Не бев воодушевен што има 10-годишно дете. Кога сте во шеесеттите, последното нешто што сакате е десетгодишно момче. За среќа, ова дете е навистина кул – рече тој.

Судејќи според неговите најнови папарацо фотографии, направени на почетокот на овој месец, Реј го поминал остатокот од животот среќен и заљубен.

Слични објави

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо
Се вчитува....