03:48 - 27 декември, 2024

Сведочењето на ЏОНИ ДЕП во НАЈГОЛЕМО ИНТЕРВЈУ НА СИТЕ ВРЕМИЊА: „Физичката болка учиш да ја поднесуваш, психолошката и емоционалната болка мè растргна!“

Судењето на Џони Деп за клевета против поранешната сопруга Амбер Херд од 50 милиони долари, се претвори во турска серија која досега е многу попривлечна од многу други што можеме да ги најдеме на платформите за стриминг.

Конкретно, кога актерот беше повикан да сведочи за да ја каже не само нивната врска како пар, туку и целото негово минато од детството до неговото деби во кино, па сè до глобалниот успех постигнат со блокбастер филмовите.

Но, постои уште еден особено интересен аспект: веројатно на никој друг начин не би било можно толку длабоко да се навлезе во неговиот живот. А луѓето стануваат се пострасни за неговото минато отколку за прашањата својствени за судењето.

Еден корисник на Јутјуб добро го сумираше овој пристап: „Тоа дури и не изгледа како судски случај. Ова е едно од најголемите интервјуа на Џони Деп на сите времиња“.

Целото ова сумирање на одговорите на Деп дадени на судиите, навистина изгледа како „најголемото интервју на сите времиња“ со американскиот актер, а објавено во rollingstone.it.

Ви пренесуваме дел од интервјуто. 

Џони, како се чувствуваш во моментов кога на светот му откриваш многу аспекти од приватниот живот?

– Не можам да кажам дека се срамам, бидејќи знам дека ја правам вистинската работа.

Да почнеме од почеток, од вашето детство. Какво образование имавте како дете?

– Имав многу „интересно“ детство. Што мислев дека е нормално до одредена возраст. Роден сум во Кентаки, потоа се преселивме, па се преселивме уште неколку пати кога бев дете, а за тоа време секогаш бев сам со мајка ми и браќата и сестрите. Моравме постојано да се движиме и никогаш не беше тоа пријатно. Се преселивме во Јужна Флорида кога имав околу седум до осум години, а потоа се селевме на други места бидејќи мајка ми беше прилично непредвидлива.

Каква мајка беше таа со вас, децата?

– Имаше способност да биде сурова кон секого. Со мене, со моите сестри Кристи и Деби и со брат ми Дени. Како и со татко ми. Во суштина, таа може да стане прилично насилна и исто толку сурова. Практикуваше физичко малтретирање, на пример, можеш да очекуваш да ти фрли пепелник за да те удри по глава или да те натепа со штиклата од чевелот, или да те мавне со телефон или што и да има при рака.

Не е баш модел на мајка …

– Исто така, поради оваа причина во нашата куќа никогаш немаше изложени предмети, заради безбедност. Единственото нешто што навистина можеше да се направи е да се обидеш да останеш надвор од нејзината „линија за стрелање“. Рано почнав да учам да ја набљудувам и знаев кога е лута и кога нешто може да ми дојде до глава.

Зборувавте за суровост, но до каде отиде?

– Постојат различни категории на физичко насилство и злоупотреба. Во тоа беше постојана и знаеше дека сите сме шокирани и подготвени да се заштитиме од секакви фрлања на предмети. Но, никогаш не можевме да знаеме што следно ќе се случи. Физичкото малтретирање беше постојано, но таа нè подложуваше и на вербална злоупотреба како навреди, малтретирање, задевања за која било наша маана. Брат ми носеше наочари и затоа го викаше „четириоки“, плус имаше криви заби и затоа мајка ми викаше дека има еленски заби. Ужасна психолошка игра.

Во принцип, кои беа твоите родители, вклучително и твојот татко?

– Генерално многу рафинирани. Но, мајка ми по потекло беше од источен Кентаки, каде што растеш во колиби каде што луѓето врескаат наместо да зборуваат. Уште од мал ја слушав мајка ми како бурно вреска по сестра ми. Брзо научивме да трпиме болка. Покрај тоа, и јас сум роден со прилично ретка и чудна карактеристика. Едното мое око е нормално, додека другото има поконусна форма и затоа мојот мозок се навикна да гледа повеќе со „доброто“ око, здравото. Дознаа кога имав три до четири години. Левото е помрзеливо око и мајка ми ме задеваше за тоа, како со сè што може да ме понижи. Едно време како дете носев и фластер на десното око за да го зајакнам мрзеливото око. Но, на крајот не се опоравив многу, а и денес слабо гледам на левото око.

Зборувавте за физичко малтретирање. Каков вид?

– Вербалното и психичкото малтретирање што го правеше беше речиси полошо од тепањето. Физичката болка беше само болка, затоа што учиш да ја поднесуваш. Психолошката и емоционалната болка нè растргна.

Каква личност беше вашиот татко?

– Многу љубезен човек, сè уште е жив. Тивок е. Многу срамежлив. Тој не е конфронтирачка личност на кој било начин. И кога мајка ми ќе ни се налутеше, тој секогаш беше изненадувачки мирен. Додека таа ни кажуваше ужасни работи, тој само гледаше и покрај тоа што нејзините зборови ни нанесуваа болка. Тој проголтуваше. Никогаш немало момент кога сум видел како губи контрола и ја напаѓа или тепа, или нешто лошо да ѝ одговари. Само неколку пати не се воздржа – очите му бликнаа од гнев и се загледа во празно, можеше да се види дека сакаше да го удри ѕидот, всушност еднаш го стори тоа и си ја скрши раката затоа што ѕидот беше од бетон. Но и онака никогаш не ја допирал мајка ми и никогаш не се скарал со неа. Отсекогаш остана џентлмен. Се сеќавам дека јас, петгодишно момче, си помислив: зошто не ја оставиш? Но, тој можеше да одржи одредена смиреност. Тој е добар човек.

Како заврши врската меѓу твоите родители?

– Кога татко ми замина и ја напушти, имав 15 години и веќе го напуштив училиштето, бев музичар и свирев во клубови. Едно утро отишол на работа како и секој ден, но ги спакувал куферите, ги натоварил во кола и повеќе не се вратил. Неколку часа подоцна, мајка ми дојде дома, беше околу 3:30 попладне. На прагот од вратата таа едноставно погледна наоколу како да слушнала нешто. И кажав што не е во ред, а таа само ми одговори: „Татко ти го нема“. А јас: „Да, го видов како оди на работа утрово“. Но, таа одговори: „Не не, него го нема…“. Потоа истрча во нивната спална соба, погледна во гардеробата и виде дека неговите работи ги нема на закачалките. Ја видов доста вознемирена.

А ти како реагираше?

– Ја земав колата и отидов на неговото работно место. Седнав пред него и му реков: „Изгледа некој ти ја украл целата облека од плакарот“. А тој одговори: „Да, да, готово е… Не можам повеќе да издржам. Сега ти си човекот… ти си мажот на куќата“. Немав добро чувство во тоа време.

И тогаш како помина?

– Мајка ми стана многу лута и падна во длабока депресија. Едно попладне се разбудив, влегов во дневната соба и ја видов како се тетерави, таа беше слаба и се мрдаше како во забавена снимка (Џони станува и ја мимитира сцената, исто како на филм). Брзо сфатив дека нешто страшно се случило, од устата ѝ излегуваше лига. И додека сакав да му се јавам на вујко ми, вратата се отвори и влегоа двајца болничари, ја ставија на носилка и ја пренесоа во болница. Пиела многу апчиња за да се обиде да се самоубие. Кога излезе од болница, многу се промени, депресијата ѝ беше толку длабока што ја принудуваше постојано да живее на софата, изгуби многу килограми и изгледаше многу ситна и мала.

Како реагираше ти на таа ситуација?

– Во тој момент помислив дека татко ми има кукавички начин на однесување. Бев шокиран. Но, се предомислив за тоа, кога по неколку години разговарав со татко ми.

Зошто?

– Го прашав што навистина се случи, сега бев постар. Ми ја кажа приказната… (Џони е трогнат, не може да продолжи со приказната и поминаа неколку минути пред да може да се опорави).

Ако тоа е проблем, можеме да продолжиме понатаму

– Ок ок… Бев многу разочаран од него затоа што мислев дека бегството е подмолно и кукавичко. Тој ден не беше лесен, бидејќи ме поздрави пред да одина работа како ништо да не се случило. Но за среќа после тоа ја разбрав вистината.

Што научи од овие искуства од детството?

– Дека згрешив за моите први впечатоци од бегството на татко ми од семејството, и тоа многу. Една од најдобрите лекции што мислам дека ги научив дојде кога Ванеса (Парадис, неговата поранешна партнерка) забремени. Точно знаев како да воспитувам деца, односно да го правам спротивното од она што го правеа моите родители. Никогаш не им го кренав гласот, никогаш не врескав лоши зборови, никогаш не им кажав „не“. Отсекогаш сум им ги објаснувал последиците од моите одлуки.

Ајде да продолжиме со твојата кариера во Холивуд. Како беше со првиот филм?

– Случајно завршив таму. Бев музичар во Лос Анџелес со мојот бенд, имав дваесет години. Но, тогаш се случија некои работи. Бендот се распадна и така почнав да пополнувам апликации за работа во продавници за видео касети или облека.

Но, Николас Кејџ, кој тогаш беше помалку познат актер од денес, ми рече: „Зошто не го запознаеш мојот агент? Мислам дека си актер, можеш да го направиш тоа “. Во тој момент ќе направев се за да ја платам киријата. Отидов таму, ми даде сценарио што требаше да го прочитам на кастингот на A Nightmare on Elm Street , и на крајот режисерот ме одбра. Но, пред тоа немав желба да бидам актер, бев само музичар. Фактот дека имаше луѓе подготвени да ми платат, сума каква што не сум видел во животот, 1.200 долари неделно, ме натера да продолжам. Потоа снимив уште неколку глупави филмови, но во мојот ум сè уште бев музичар и оваа работа беше само поради киријата. Одеднаш, сепак, се најдов на тој пат и се префрлав од еден филм во друг, до една позната ТВ серија. Имав 22 години.

Како ги оценуваш Пиратите од Карибите?

– Не сум го гледал филмот… Знам дека помина многу добро. И сакав да продолжам да работам подобро. Има голема слобода, ако добро го познаваш ликот, всушност не би бил како што го напишале писателите, па мораш да му бидеш верен и да додаваш свои работи во него. Верував во тој лик со целото мое срце.

Како се промени твојот живот по тие многу успешни филмови?

– Иако долги години бев во филмот, после тоа се беше сосема поинаку. Моето семејство и јас во домот во Лос Анџелес најдовме луѓе кои се обидуваа да се искачат или да ја пробијат портата за да влезат, некои дури и облечени како Џек Спароу… Оттогаш морам да најмам повеќе персонал за обезбедување, бев загрижен за моите деца. Сакав да ја осигурам безбедноста на моите деца дома, на училиште, во Дизниленд, во трговски центар… Ме следеа куп папараци. По тие филмови сфатив дека мојата анонимност сега е целосно изгубена. Чудно е да се соочиш со таква состојба, кога ќе разбереш дека веќе нема да можеш да одиш во ресторан или да пиеш кафе, а тоа да не се претвори во нешто друго. Но, малку жртвување е прифатливо и не можам да се пожалам. Исто така, тоа ви овозможува да размислувате креативно, да ги однесете децата во парк или на кино. Сè станува стратешка мисија за планирање, а тоа се случи само по „Пиратите од Карибите“.

Слични објави

(Фото) „Имам подливи..“: Сопругата на Дарко Лазиќ ги смали усните и го смени личниот опис, еве како изгледа сега

Еспресо

(Фото) Празнична идила во Севиља: Немања Гудељ позира со Анастасија Ражнатовиќ, фудбалерот не може да ја тргне насмевката од лицето

Еспресо

(Видео) Северина ја покажа празничната трпеза, меѓу украсите и еден со ликот на Јосип Броз Тито

Еспресо

Српски медиуми: „Бреговиќ го затегна лицето во Турција, тоа задоволство го чинеше 5.000 евра!“

Еспресо

(Фото) Фатени заедно: Еве каде беа и што правеа Марија Шерифовиќ и Јована Пајиќ

Еспресо

(Видео) Сопругата на Сергеј Трифуновиќ сподели видео од семејната куќа, а тој никогаш не бил поемотивен: „Кукли мои! Многу сте слатки!“

Еспресо
Се вчитува....