16.8 C
Скопје
16:42 - 7 март, 2026

Сузана Манчиќ за позирањето за Плејбој: Сметам дека тоа е личен успех, ги надминав малограѓанските критики

Сузана Манчиќ, најпознатата лото девојка во поранешна Југославија, искрено проговори за причината поради која позирала за Плејбој и за реакциите на јавноста за нејзиниот потег.

„Позирав за Плејбој како славна личност и тоа го сметам за мој личен успех – не затоа што имав 48 години и изгледав одлично во тоа време, туку затоа што ги надминав малограѓанските проценки. Само специјалните жени ги поместуваат границите и ги кршат табуата. Фотографиите беа од светска класа – и естетски и квалитативно“, изјавила таа во интервјуто за „Нет“.

Кога станува збор за нејзиниот љубовен живот, таа изјави дека се трудела да се држи настрана од зафатените мажи, но дека се случува човек да ја загуби главата поради љубовта.

“Не сум горда на тоа, но тоа им се случува на многу луѓе, вклучувајќи ме и мене. Ја напуштив кариерата поради љубовта, отидов до крајот на земјата, но кариерата секогаш ми се враќаше”, рекла таа.

Таа потоа изјави дека е во брак на далечина со грчкиот бизнисмен Симеон Окомокос речиси 25 години.

“Тоа е убава, силна врска. Многу често сме заедно и уживаме во нашата љубов”, рекла таа.

Со бившиот сопруг Небојша Куниќ има две ќерки – Теодора и Наталија. Манчиќ изјави дека тие двајца изградиле одлична врска со нејзиниот сегашен сопруг.

Слични објави

Голем атмосферски пресврт: Европа ја очекуваат необични температурни разлики

Еспресо

Драма на концертот на Драгана Мирковиќ во Сплит: Клуб евакуиран по дојава за бомба

Еспресо

Дара Бубамара му купила на синот стан од 500.000 евра, еве во кој европски град се наоѓа луксузниот имот

Еспресо

Снежана Савиќ, мајка со големо срце: „Бев фатална само за себе“

Еспресо

„Девојката со крилата“ објави дека го изгубила бебето: „Никому не би му посакала да го изоди истиот пат“

E.A.

„Се сакаме, ми готви секој ден“: Тигар првпат јавно проговори за врската со Јована Јеремиќ

apostolova
Се вчитува....