08:44 - 15 декември, 2025

Судењето Џони Деп-Амбер Херд беше лош избор што се претвори во ТВ-шоу; „поттикнува семејно насилство и сексуална злоупотреба“

Овозможувањето на јавноста да ги гледа прилозите, да ги види доказите и да дознае за секој детал од постапката, ефективно го направи овој правен спор еден вид шоу. Затоа ќе одлучува и судот на јавното мислење.

Судењето за клевета меѓу Џони Деп и Амбер Херд се претвори во ТВ-шоу. Ја следевме еволуцијата на она што се случуваше на суд во текот на шесте минати недели, вклучувајќи ги и сведоштвата, доказите и сè попрецизните детали за динамиката на животот на поранешната двојка. Судијката Пени Азкарате претседаваше со судските сослушувања во округот Ферфакс со одлична рамнотежа, но кога ѝ дозволи на телевизијата да емитува „во живо“ од двете камери во судницата (според јурисдикцијата на државата Вирџинија е дозволено) го засили медиумскиот ефект на судската војна помеѓу двајцата поранешни сопружници.

Според податоците на магазинот Варајети, последното сведочење на актерот (изминатата среда) го следеле над 1,2 милиони гледачи, што е двојно повеќе од првото што се одржа минатиот април. Доказ дека интересот за правната битка добивал скок во гледаноста од недела во недела.

Овозможувањето на јавноста да ги гледа прилозите, да слуша за изложените докази и да дознае за секој детал од постапката, ефективно го направи овој правен спор еден вид телевизиско шоу, каде што публиката зазема страна во корист на едниот (Деп), или на другиот (Херд). Затоа, ќе одлучи и судот на јавното мислење, клучен тест за оние кои, како и двајцата глумци, голем дел од својот успех им го должат на гледачите и нивната добра волја.

Судот ја претпочита оваа линија на транспарентност и за да ги спречи новинарите да прибегнуваат кон разни трикови за да ги добијат материјалите од судењето. Сепак, има и такви кои ги нагласуваат неговите психолошки реперкусии, како што е Мишел Даубер, професорка на правниот факултет во Стенфорд која вели:

„Да се ​​дозволи да се емитува судење е најлошата одлука што можете да ја замислите во контекст на семејно насилство и сексуална злоупотреба“.

Додека се чека судот да донесе одлука со помош на седумчлена порота во корист на едниот или на другиот, Џони Деп настапи во Англија за време на викенд-рок концертот со Џеф Бек, со кој ја објави песната „Isolation“ во април. 2020. Актерот исто така е дел од бендот Hollywood Vampires со Алис Купер и Џо Пери и никогаш не криел дека неговата музичка кариера останува негова прва љубов.

Во наредните денови исходот од судскиот процес ќе разјасни дали тој треба да добие 50 милиони отштета за клевета од поранешната сопруга или пак, таа ќе инкасира 100 милиони од него.

Слични објави

(Фото) Голема промена кај Весна Бејби по 20 години, а покажа и каква е кога ќе стане од спиење

msp-admin

Хороскоп за 15 декември: Девиците ќе доживеат кулминација, Јарците ќе ги истакнат своите квалитети

Еспресо

„Користи лекови, има пиштол, импотентен е и е шворц“: Атина Ферари со шок-тврдења за Аца Лукас

Еспресо

Ера Ојданиќ го воодушеви внукот: За 18. роденден му подари подарок вреден 160.000 евра

E.A.

(Фото) Кадар што ги топи сите срца: Милан Васиќ покажа како го разгалува својот син Деспот

Еспресо

(Фото) Погледнете ги луксузните празнични декорации на најбогатата балканска пејачка!

Еспресо
Се вчитува....