0.8 C
Скопје
20:29 - 22 јануари, 2025

Судење Џони Деп-Амбер Херд: Страшни пораки во кои ја замислува како „труп во распаѓање“

За време на судењето за клевета, на судскиот случај Џони Деп против Амбер Хред (и обратно) беа откриени многу тешки фрази што ги користел Џони Деп кога разговарал за неговата поранешна сопруга со пријател и сосед кој, сепак, го поддржува.

Нови сенки во судскиот процес што американскиот актер Џони Деп, обвинет за семејно насилство од неговата поранешна сопруга Амбер Херд, го започна поради клевета, негирајќи секакво обвинение.

Актерот од „Пиратите од Карибите“ всушност побара отштета од 50 милиони долари за клеветите притив него и неговите адвокати, тврдејќи дека изјавите на Херд се чин на одмазда по разводот.

Денес, на третиот ден од судењето што се одвива во Вирџинија, се појавија пораки кои Деп наводно му ги испратил на својот пријател и сосед Исак Барух.

СМС пораките, презентирани од адвокатот на Амбер Херд, датираат од 2016 година и во нив се вели дека Деп се надевал дека „трупот на Херд е во распаѓање во еб*ниот багажник на Хонда Сивик-от“. Деп исто така напишал: „Таа кучка го уништи толку убавиот живот што го имавме некое време“.

Подоцна, за време на судењето, Барух бил видно трогнат кога зборувал за „лажните обвинувања“ на Херд против Деп:

„Не е точно. Не е точно тоа што го направи и тоа што се случи со толку многу луѓе кои останаа виновни“. Пријателот на актерот потоа го изрази својот гнев поради „лажните фотографии направени“ на Херд со помодрено лице и објавени во таблоидите за да се „исценира сето тоа, да го изнуди и уценува“ Џони Деп.

„Никогаш не сум видел никакво обвинение против него“, прецизираше Барух.

Голем број на фанови, кои веруваат во невиноста на актерот, преземаат акции за поддршка:

 

Инаку, вчера на судењето прва што беше повикана на говорницата на сведокот беше сестрата на актерот, Кристи Дембровски, која раскажа за тоа како Амбер Херд го малтретирала нејзиниот брат, но зборуваше и за  насилството што нивната мајка им го нанесувала како деца.

Дембровски, која му помогна во менаџирањето на кариерата на нејзиниот брат, рече дека кога парот патувал, таа резервирала дополнителна хотелска соба за да ја искористи во случај да се скараат и дека кога Деп ѝ рекол на сопругата дека групата Диор е заинтересирана за кампања со него, Абмер згрозена одговорила: „Зошто Диор би сакал да работи со тебе? Тие имаат врска со класата и стилот, а ти тоа го немаш“.

 

Слични објави

(Фото) Каква сличност делат Харис Џиновиќ и Меланија Трамп? Оваа фотографија го „запали“ интернет и ги насмеа сите

Еспресо

Аница Лазиќ проговори за пластичните операции и откри: На триесет сум поубава отколку на осумнаесет

Еспресо

Лепа Лукиќ се огласи откако дозна дека е на списокот на забранети пејачи: Зошто им пречам?

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ се враќа во Србија од Америка: Пие вино на аеродром, а на нејзината рака блеска дијамант!

Еспресо

Врвна радиологија во болница „Санте плус 3“: Точната дијагноза започнува со напредна радиологија

apostolova

(Фото) Кожено боди, синџири и чипкасти чорапи: Фолкерката Стоја се разголи и ги покажа нејзините облини

Еспресо
Се вчитува....