3.8 C
Скопје
16:28 - 23 јануари, 2025

Српските јутјубери се капат во пари! Заработуваат и до 150.000 евра, а плаќаат и по 10.000 евра месечно за храна

Јутјуберите и инфлуенсерите во Србија станаа вистински ѕвезди , а некои ги надминаа бројките заработени со поп музиката.

Според податоците од веб-страницата Social Blade, јасно е колку биле „добри“ најплатените креатори на содржини во регионот во 2024 година. Ако се земе предвид дека тоа не им е единствениот извор на приходи, може да се заклучи дека месечно заработуваат баснословни суми.

Нивните месечни примања достигнуваат неверојатни бројки, почнувајќи од неколку илјади до дури 150.000 евра. Покрај заработката што ја добиваат од објавување клипови, споредни извори на приходи вклучуваат објавување реклами на социјалните мрежи, спонзорирани соработки, оценување производи од различни брендови и најмногу создавање блогови и забавни содржини.

Српската Јутјуб сцена е непроменета со години, па првото место со години го држи јутјуберот Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе. Зад него, исто така на самиот врв на Јутјуб сцената со години е Стефан Вуксановиќ Муѓа. Третото место го зазема Декс Рок, а тука се и Стефан Јанковиќ Јанко, Тамара Калиниќ, Зорана Јовановиќ Зоранна и многу други.

Бака Прасе

Со месечна заработка од повеќе од 100.000 евра, Бака Прасе стана синоним за успех на Интернет. Неговите видеа бележат стотици илјади прегледи, а не крие дека популарноста му донела финансиска сигурност. Покрај кариерата на Јутјуб, приход добива и од соработки со различни брендови. Богдан во еден од неговите клипови раскажа колку троши месечно и на што троши најмногу пари.

Стефан Вуксановиќ Муѓа

Муѓа е еден од најуспешните Јутјубери во регионот, со над два милиони следбеници и заработка која надминува 100.000 долари месечно. Својот успех го претвори во сигурност за семејството, градејќи куќа и обезбедувајќи удобен живот за своите најблиски.

Декс Рок

Дејан Дражиќ, познат во јавноста како Декс Рок, миленик на помладата публика, заработува и до 77.000 долари месечно. Неговата гејмерска содржина привлекува милиони, а тој е доказ дека хобито може да стане профитабилен бизнис. Покрај YouTube, Дејан има и своја онлајн продавница „RockFam Shop“ каде што продава ранци, маици, дуксери, капи, шолји, па дури и брендирани слатки.

Стефан Јанковиќ Јанко

Стефан Јанковиќ Јанко со повеќе од милион следбеници, заедно со неговата девојка Ана Лазаревиќ, која исто така снима за YouTube, ја освојува публиката со блогови и забавни клипови. Нивната заработка им овозможила да инвестираат во недвижен имот, автомобили и луксузни дестинации. Јанко има над милион претплатници, а неговата заработка надминува 20.000 долари.

Слични објави

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Двојна радост во новата година

Еспресо

(Фото) Вљубени до уши: Исплива фотографија од Јелена Розга и 11 години помладиот син на Тончи Хуљиќ

Еспресо

Заработува огромни пари: Вељко Ражнатовиќ продава свинско месо на синџир хотели во Србија

Еспресо

(Фото) Пожешка од кога било: Љупка Митрова во танга бикни ужива покрај партнерот на Малдиви

Еспресо

(Видео) Јована Јеремиќ на ќерка си ѝ донесе специјален подарок од Америка: Малата Леа воодушевена, сите девоjчиња сонуваат за ова

Еспресо

(Видео) Мелина по разводот од Харис ужива во Монако! Вози автомобил од 150.000 евра, а во раката има детаљ од 4.000 евра…

Еспресо
Се вчитува....