10.8 C
Скопје
20:49 - 10 април, 2026

Српскиот рапер купи три парцели на Космај: МЦ Стојан изгради една куќа, па реши да го прошири бизнисот

Познатиот српски рапер МЦ Стојан има куќа на планината Космај, а бидејќи решил да го прошири бизнисот, купил неколку помали парцели за да ги опреми со куќички за изнајмување.

Екипа на „Блиц“ во една прилика го посети споменатиот крај, а неговата сосетка открила дека напорно се работи на изградба на нова куќа.

– Стојан често доаѓа и престојува овде, а започна убав бизнис. Тоа се куќички за изнајмување, убаво е и некако сето тоа го споил. Има неколку помали парцели, околу три или слично, но сето тоа е од долната страна. Не можете да го видите одовде од улицата. Природата овде е многу убава, рај на земјата, а многу познати личности изградија куќи. Цената на квадратен метар многу скокна по пандемијата на коронавирусот – изјавила една од неговите сосетки за „Блиц“.

Инаку, МЦ Стојан во Белград доаѓа само поради работа, а на социјалните мрежи често објавува видеа и фотографии од егзотични дестинации.

Слични објави

Џејла Рамовиќ ја објави новата песна „1004“

E.A.

НАСА: Екипажот на Артемис 2 си ја заврши работата, сега следува најризичната фаза

Т.Ц.

„Немој да бидеш кретен!“ – бруталниот совет на Киану Ривс стана лекција за Холивуд

Т.Ц.

Неодоливиот Словенец го замени фудбалскиот терен со реално шоу и стана миленик на публиката

Т.Ц.

Сите зборуваа за нивната свадба – овој познат хирург е поранешниот маж на Мира Шкориќ

E.A.

Никогаш не го заборави: Брена со емотивна приказна за Лепи Бора

msp-admin
Се вчитува....