02:03 - 1 ноември, 2026

Српскиот пејач по трагедијата во Кочани: Не е време за нови песни, чувајте се

Српскиот продуцент и пејач Марко Попов, попознат едноставно како Попов, се огласи по повод трагедијата во Кочани.

Попов ги извести своите следбеници дека новите песни се готови, но дека ќе чекаат подобри времиња.

„Новата музика е подготвена. Времето не е. Чекаме подобри времиња. Дотогаш чувајте се и внимавајте еден на друг. Моето искрено сочувство до семејствата на загинатите во Македонија”, напиша пејачот.

Кој е Попов?

Попов ѝ е многу познат на генерацијата Зет. Неговите хитови често се трендинг на регионалниот и хрватскиот Јутјув, а тој досега соработувал со Нучи, Хени и Војаж. Својата музичка кариера ја започнал на млада возраст, кога научил самостојно да продуцира песни.

На почетокот на 2019 година, тој стана дел од продуцентската куќа „Генерација Зед“ од самото нејзино основање. Меѓу првите песни што ги продуцираше беа „Отрован“ на Хени и „Hotline“ на Нучи. Песните на кои работеше се познати по нивното интро „Дали ова е Попов?“.

На почетокот на пандемијата со коронавирусот, порасна популарноста на „Генерација Зед“, а тогаш Попов ја започна својата пејачка кариера. Некои од неговите песни имаат дури 20 милиони прегледи на Јутјуб.

Тој, исто така, компонирал песни за многу други српски уметници, меѓу кои Стоја, Ѓогани и Теодора Џехверовиќ.

 

 

Слични објави

(Фото) Во црно од глава до пети – Северина го врати модниот хит од 80-тите

Еспресо

Луна Ѓогани искрено за бракот и лошите искуства: „Марко ми ја виде душата, а остана со мене и покрај сите мои маани“

E.A.

(Видео) Жаре од „Еден на еден“ се присети на Тоше Проески: „Таква енергија не можеш да опишеш со зборови“

К.С.

Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ со својот син наскоро пристигнуваат во Србија – во семејството се подготвува голема прослава

Еспресо

Балкански музички ѕвезди кои трагично ги загубија животите во сообраќајни несреќи

Е.А.

Сестрата на Тоше Проески, Дора, сподели емотивно видео од Тоше со татко му Никола

Еспресо
Се вчитува....