10.8 C
Скопје
01:40 - 4 април, 2026

(Видео) Српска тенисерка превезувала дрога од Копаоник: Под рекетите сокрила 8,5 килограми марихуана

-Таа цел живот тренира тенис, се занимава професионално со тенис. Одела на разни натпревари, во собата има безброј трофеи и медали. Замина на економски хонорарен курс, дури добила и стипендија преку тенисот – раскажала познаничка на Јелена М.(19), која завчера (14.03) била уапсена во својот автомобил „Смарт“, со 8,5 килограми марихуана, пренеусваат српските медиуми.

Новинарите на „Блиц“ го посетија просторот каде што е уапсена тинејџерката, каде соседите се во шок откако дознале за што е обвинета. Многумина од нив не можат да поверуваат дека марихуаната е нејзина, бидејќи како што велат, потекнува од нормално семејство.

– Некое време размислуваше да замине во странство да студира. Имала повреда на раката, па престанала професионално да се занимава со тенис и почнала да тренира деца. Се шокирав кога слушнав, не ми се верува дека е нејзина марихуаната. Мајка ѝ е учителка, а татко ѝ камионџија – вели соседот.

Соседите објаснуваат дека тие се нормално семејство и дека никој никогаш немал проблем со нив.

– Таа има 17-годишна сестра. Имаше долга врска, цело време одеше кај нејзиното момче, но тука живее со родителите – додава соговорникот на српски Блиц.

Полицијата во соработка со УКП, службата за борба против организиран криминал, ја запленила марихуаната. Јелена М. била во автомобилот со малолетник (17) и пренесувале 8,5 килограми марихуана.

Како што се гледа на снимките кои ги објави српско МУП, во жолтиот Смарт во гепекот се наоѓале тениски рекети. А под нив, пронајдена е торба со 20 пакети марихуана.

На осомничената ѝ е одредено задржување до 48 часа, по кое ќе одговора на кривичната пријава. 17-годишникот пак, е приведен во Одделението за малолетници.

Слични објави

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо

Едвај има место да се свртиш – вака изгледа кујната во вилата на Цеца Ражнатовиќ

E.A.
Се вчитува....