12.8 C
Скопје
18:24 - 31 март, 2025

Среќен роденден Мајкл Даглас и Кетрин Зета Џонс: Парот слави на ист ден

Instagram

Славниот холивудски пар Мајкл Даглас и Кетрин Зета Џонс се родени на ист ден, а единствената работа што ги дели е разликата од 25 години меѓу нив.

Мајкл и Кетрин, кои се во среќен брак повеќе од две децении, се подготвуваат за двојна прослава бидејќи и двајцата го одбележуваат својот роденден на 25 септември.

Таблоидите потсетуваат дека денес ѕвездата родена во Велс наполни 54 години, а нејзиниот сопруг 79.

 

Instagram
Instagram

Љубовната приказна на Мајкл и Кетрин почна во 1998 година кога тој ја виде велшката убавица (која тогаш имаше 29 години) во улогата на енигматичната Елена Монтеро во филмот „Маската на Зоро“. Тој подоцна му кажа на својот публицист да организира средба помеѓу нив.

„Ја запознав во бар и бев тотален џентлмен“, му рече Мајкл на Џонатан Рос за време на гостувањето во неговата емисија во 2016 година. Актерот – кој имал 54 години кога се запознале – не можел да чека, па решил самиот да направи потег подоцна таа вечер дрско велејќи ѝ на актерката: Знаеш, јас ќе бидам татко на твоите деца“.

Но, Кетрин не била заљубена во актерот од „Ниски страсти“ (Basic Instinct). Таа одговорила: „Слушам многу за тебе и гледам многу за тебе и мислам дека е време да кажам добра ноќ“.

Сепак, шармот на холивудскиот актер беше пресуден, парот се сврши на новогодишно патување во домот на Мајкл во Аспен, Колорадо, во 1999 година, а следната година тие се венчаа.

Тие го пречекаа и синот Дилан Мајкл, кој имаше само три месеци кога присуствуваше на свадбата на своите родители.

Кетрин претходно се осврна на нивниот јаз во годините и во интервју за „Волстрит џурнал“ во 2021 година рече: „Мојот сопруг е 25 години постар од мене; тоа не е тајна… Константата се љубовта и почитта“.

Во друго интервју во 2022 години, овој пат за британски „Телеграф“, таа објасни: „Ние сме многу добри еден со друг, се почитуваме и никогаш не чувствувам дека тој е 25 години постар од мене. Се сеќавам кога некои луѓе велеа: кога ќе имаш 50, тој ќе има 75 години.“

„Тоа е само математика“, додаде таа.

Слични објави

Поради семејната трагедија Вики Миљковиќ се повлекува од „Ѕвездите на Гранд“: Еве кој ќе ја заменува во жирито

Еспресо

Раскинувањето ѝ го скрши срцето на Рада Манојловиќ: „Не станав од кревет, сестра ми ми носеше храна“

Еспресо

(Фото+видео) Голема прослава за роденденот на Виктор Живојиновиќ: Брена запеа, пристигна торта со огномет, „падна“ и бакнеж со неговата девојка

Еспресо

Хороскоп за 31 март: Раковите се фокусирани на семејството, Овните ќе се соочат со потешкотии, а вие?

Еспресо

(Видео) Фрлиле солзавец на настапот на Теодора Џехверовиќ, пејачката проговори: Се исплашив

Еспресо

Почина Маринко Колнаго, основачот на „Нови фосили“

Еспресо
Се вчитува....