04:49 - 11 април, 2026

Среќа во домот на Наташа Беквалац: Пејачката напиша емотивно писмо за многу посебна личност

Наташа Беквалац има голема причина за славење. Имено, денес ѝ е роденден на нејзината сестра Кристина Беквалац, а пејачката се огласи на социјалните мрежи по тој повод.

Наташа на својот Инстаграм профил објави нивна заедничка фотографија и напиша емотивна посвета:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nataša Bekvalac (@bekvalceva)

– Бела моја, родена, помлада, засекогаш најмлада, среќен ти роденден. Не се сеќавам на мојот живот пред да се родиш. Се сеќавам, постојано плачеше, креветчето твое беше до моето и често единственото нешто што сакав беше да замолчиш. Дури и сега тоа е единственото нешто што го посакувам. Гласна и со став од раѓање, би рекла. Ти благодарам што со тебе и покрај тебе поминувам низ овој живот, а подобро друштво не можев ни да замислам. Ти благодарам за среќното детство покрај тебе. Ти благодарам за среќниот живот со тебе. Ти благодарам што беше покрај мене кога бев тажна. Ти благодарам што беше покрај мене кога бев среќна. Ти благодарам што си втора мајка на Хана и Катја. Ти благодарам, мојот живот ќе биде именуван по тебе. Те сакам и едвај чекам да живееме во иста зграда… – ѝ порача Наташа на Кристина преку Инстаграм.

Кристина веднаш одговори на нејзината објава: „Нацо, без зборови, засекогаш заедно“, напиша таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nataša Bekvalac (@bekvalceva)

Слични објави

„Разводот ѝ стои одлично!“ – Никол Кидман изгледа сензационално

Т.Ц.

Џејла Рамовиќ ја објави новата песна „1004“

E.A.

НАСА: Екипажот на Артемис 2 си ја заврши работата, сега следува најризичната фаза

Т.Ц.

„Немој да бидеш кретен!“ – бруталниот совет на Киану Ривс стана лекција за Холивуд

Т.Ц.

Неодоливиот Словенец го замени фудбалскиот терен со реално шоу и стана миленик на публиката

Т.Ц.

Сите зборуваа за нивната свадба – овој познат хирург е поранешниот маж на Мира Шкориќ

E.A.
Се вчитува....