7.8 C
Скопје
17:29 - 19 февруари, 2026

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Улогата на пробиотиците во здравјето на цревата

Здравјето на цревата е клучно за целосната благосостојба, бидејќи влијае на дигестијата на храната, апсорпцијата на хранливи материи и имунолошкиот систем. Оттука би истакнале дека пробиотиците играат фундаментална улога помагајќи во одржувањето на соодветна рамнотежа во цревниот микробиом.

Што се пробиотици?

Пробиотиците се живи микроорганизми кои, кога се консумираат во соодветни количини, ни обезбедуваат низа здравствени придобивки. Тие се наоѓаат во ферментирана храна како што се јогурт, кефир, кисела зелка како и во специфични додатоци во исхраната.

Придобивки од пробиотиците за здравјето на цревата

Редовното консумирање на пробиотици може да помогне во:
• Враќање на рамнотежата на цревниот микробиом, особено по употреба на антибиотици
• Подобрување на дигестијата на храната и апсорпцијата на хранливи материи и поддржување на метаболизмот
• Зајакнување на имунолошкиот систем, намалување на ризикот од цревни инфекции
• Спречување и лекување на дигестивни нарушувања како што се синдром на иритабилни црева, дијареја и запек
• Намалување на воспалението на цревата, помагање кај состојби како што се улцерозен колитис и Кронова болест

Пробиотици и исхрана: Како да ги вклучите во вашата исхрана

За да ги искористите нивните придобивки, се препорачува да вклучите храна богата со пробиотици во вашата исхрана, како што се:
• Ферментирани млечни производи: природен јогурт, кефир и урда.
• Ферментиран зеленчук: кисела зелка и кисели краставички, природно ферментирана туршија.
• Ферментирани пијалаци: комбуха, природно ферментиран јаболков оцет.

Совет и препорака за храна богата со пробиотици или кој вид на пробиотици е потребно да ги користите, можат да ви бидат препорачани и од нутриционист.

Важноста на нутриционистичкото советување

Доколку сакате да го подобрите здравјето на вашите црева и да дознаете повеќе за улогата на пробиотиците, закажете консултација во одделот за гастроентерохепатологија во Клиника „Жан Митрев“ или со нутриционистот м-р Татјана Павлова, и добијте ги потребните персонализирани совети.

Јавете се на тел. 02/ 3091 484 и закажете консултација со искусните нутриционисти и медицински тим на Клиника „Жан Митрев“.

Комерцијален текст.

Слични објави

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Естетска корекција на уши

Еспресо

(Фото) Боса и со гол стомак: Катарина Живковиќ ужива во зајдисонцето среде пустина

Еспресо

Годишнина од смртта на Ѓорѓе Балашевиќ – Сопругата Оливера: „Засекогаш остави прозор преку кој комуницираме“

Еспресо

Цеца отворено за ромските веселби и бакшишот: „Би навредила некого ако одбијам!“

Еспресо

(Фото) Синчето на Едина Муса и Мачка наполни 1 година: Цела соба со играчки и балони, а и нов велосипед за малиот славеник!

Еспресо

Синот на Снежана Ѓуришиќ претепан поради долг од 500 евра: Откриени детали за четиричасовното малтретирање

Еспресо
Се вчитува....