-0.2 C
Скопје
03:32 - 11 март, 2026

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Нарушувања во исхраната

Современото општество и медиумите често наметнуваат нереални стандарди за убавина што особено влијае врз младите. Сè повеќе млади девојчиња – дури и на возраст од 6 години изразуваат незадоволство од сопствениот изглед. Оваа опсесија со телесниот изглед може да доведе до сериозни нарушувања во исхраната.

Најчести нарушувања во исхраната:

• Анорексија нервоза – свесно и опасно ограничување на храната, со цел губење на тежина.
• Булимија нервоза – повторувачки циклуси на прејадување, проследени со повраќање или употреба на лаксативи.

Овие нарушувања најчесто се појавуваат меѓу 14 и 20 години, а честопати се поврзани со професии што бараат одржување „совршен“ изглед, какви што се манекенство, балет, гимнастика и пливање. Атлетската анорексија е чест случај кај спортистки, кои го намалуваат внесот на храна под влијание на притисоци од тренерите и од општеството. Девојките што се занимаваат со манекенство пред значајни ревии пијат само вода и јадат памук, бидејќи тој е чиста целулоза и не е хранлива материја туку само поминува низ стомакот намалувајќи го гладот.

Физички и психички последици

Нарушувањата во исхраната влијаат врз целиот организам:
Анорексија нервоза: драстично губење тежина (BMI<17.5); прекинување на менструалниот циклус; сува, жолтеникава кожа; остеопороза (губење на коскената маса); намален сексуален нагон и чувствителност на студ.
Булимија нервоза: ерозија на забите; потечени жлезди; електролитен дисбаланс и дехидрација; гастроинтестинални проблеми; рани и иритации на усната шуплина.
Раната интервенција е клучна: брзото препознавање и дијагноза овозможуваат поефикасно лекување и превенција на долгорочни последици. Лекувањето е мултидисциплинарен процес и вклучува: медицинска стабилизација, нутритивна поддршка, психолошка терапија и контрола на телесната тежина со здрав начин на исхрана. Во тешките случаи се препорачува хоспитализација, а доколку пациентот одбива терапија и неговото здравје е сериозно загрозено, можно е и присилно лекување.

Нутритивна поддршка кај нарушувања во исхраната

Излезот од порочниот круг на изгладнување, депресија, анксиозност и телесна слабост е можен, но бара стручна поддршка и индивидуално прилагоден нутритивен план. Исхраната кај лица со анорексија или булимија мора да биде внимателно испланирана и следена од лекар и нутриционист.

Цели на нутритивната терапија:

• Враќање на телесната тежина во граници на нормална телесна тежина
• Воспоставување редовни, балансирани оброци
• Корекција на нутритивни дефицити (електролити, витамини, минерали)
• Намалување на анксиозноста поврзана со храната
• Обнова на хормоналната и гастроинтестиналната функција

Зошто е важна правилната исхрана?

Кај лица со нарушувања во исхраната, телото страда од сериозен недостиг на енергија и хранливи материи. Поради тоа може да се јават гастроинтестинални проблеми (опстипација, рефлукс, болки), нарушен метаболизам, оштетени органи, хормонален дисбаланс и ослабен имунитет.

Што значи нутритивен успех?

Нормализирање на телесната тежина не значи само бројка на вага. Таа води кон нормализирање на хормоните (лептин, естроген, гонадотропини), враќање на менструалниот циклус и подобрување на менталната состојба и енергија.

Самолекувањето или импровизирани режими на исхрана може да предизвикаат дополнителна штета. Од таа причина потребен е индивидуализиран нутритивен план под супервизија на стручно лице – нутриционист, и мултидисциплинарен тим од специјалисти доктори поткрепено со психолошка или психијатриска поддршка зависно од индивидуалната состојба на пациентот.

Јавете се на тел. 02/ 3091 484 и закажете консултација со искусните психолози, нутриционисти и медицински тим на Клиника „Жан Митрев“.

М-р Татјана Павлова
Нутриционист

Слични објави

За што навистина фантазира вашиот партнер? Откријте што го возбудува и внесете нова искра во врската

Еспресо

Јована Јеремиќ ослабе 6 килограми, па ја откри тајната: „Едно нешто е забрането“

Еспресо

(Фото) Разгледница од семејството Ражнатовиќ од Русија: Вељко позираше со Богданa и нивните три синови

Еспресо

10 митови за алергиите на полен: Помага ли медот, престојот на море, заклучувањето дома…?

Еспресо

Што се случува во мозокот на оние кои не можат да ја преболат загубата на саканата личност

Еспресо

Поднесена кривична пријава против човекот што донесе јагне на настапот на Десингерица: Обвинет е за злоставување животни

Еспресо
Се вчитува....