3.8 C
Скопје
08:19 - 21 декември, 2024

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Генитален пролапс и инконтиненција

Најважно е секоја жена да биде свесна дека постои ефикасно решение за овој проблем. Станува збор за вагинални операции кои се минимално инвазивни, со кус престој во болница и брзо опоравување.

Проф. д-р Васил Илиев, Спец. гинеколог акушер, Супспец. урогинеколог

Гениталниот пролапс или попознат како „спуштена матка“ и инконтиненцијата на урина се честа состојба кај жените. Над 47% од жените ќе бидат засегнати од овој проблем во текот на својот живот.

Пролапсот се случува како резултат на ослабувањето на ткивата и мускулите во карлицата при што матката се поместува односно се спушта од својата нормална положба.

Може да се случи пролапсот освен на гениталните органи да биде и на мочниот меур или каналите. Тогаш станува збор за уро-генитален пролапс при што е нарушена не само анатомска позиција, туку и самата функција на засегнатите органи. Поедноставно кажано, нарушената анатомска позиција е всушност кила (хернија) на еден или повеќе делови од внатрешните генитални органи на жената и на самиот мочен меур и/или уретрата (изводниот мочен канал).

Додека пак, нарушената функција се манифестира со проблеми со мокрењето и може да варираат од зачестено мокрење со или без чувство на нагон за мокрење, преку стрес – инконтиненција (подмокрување при напор, кашлање, кивање, смеење, сексуален однос итн.), нецелосно прзнење на мочниот меур, уроинфекции, нарушени или неможни сексуални односи.

Причините се многубројни, но пред сè доминира возрастa, породувања (особено вагинални), обезноста, физичката работа, наследните фактори, слабоста на мускулнопотпорните структури итн.

Спуштањето на матката, ѕидовите на вагината или мочниот меур може да е некомплетно – при што жените вообичаено не се ни свесни дека постои, туку им се дијагностицира при гинеколошки преглед, или позначајно одн. комплетно кога самите пациентки чуствуваат, забележуваат натежнување особено кога се движат. Присутни се и болки, често и во лумбалниот дел на рбетот, потоа проблеми со празнење на мочниот меур и чувство дека е непотполно испразнет, како и болка односно печење при мокрење или неволно подмочување. Најчесто пролапсот е проследен/комбиниран со постоење и на стрес инконтиненција (истекување) на урината.

Можни решенија

Најважно е секоја жена да биде свесна дека постои ефикасно решение за овој проблем.

Станува збор за вагинални операции кои се минимално инвазивни, со кус престој во болница и брзо опоравување што овозможува враќање на секојдневните активности без последици.

Во лекарскиот тим на Клиника „Жан Митрев“, проф. д-р Васил Илиев е тој кој има долгогодишна пракса во имплементација на модерните реконструктивни интервенции за разни типови на пролапс на матката и/или вагината.

За да закажете термин јавете се на 02/3091-484

Комерцијален текст.

 

Слични објави

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо
Се вчитува....