14.8 C
Скопје
17:42 - 11 март, 2026

Со кого сѐ се дружеше сопругата на Трудо пред да ѝ биде дијагностициран коронавирусот

Сопругата на канадскиот премиер Џастин Трудо, Софи Грегори Трудо откри дека е заразена со коронавирусот непосредно откако зборуваше на масовно посетен настан во Лондон. Таа тогаш се поздравила и фотографирала со бројни познати личности, вклучувајќи ги и глумецот Идрис Елба и шампионот во Формула 1 Луис Хамилтон.

Софи првите симптоми ги имала во Канада неколку дена откако во Велика Британија присуствуваше на настанот „We day“ на познатиот лондонски стадион Вембли.

Тоа беше масовно посетен настан за поддршка на младите. Во публиката имало околу 18.000 луѓе, а Софи по своето излагање имала близок контакт со другите говорници, меѓу кои има и познати спортисти, глумци и јавни личности.

Некои од говорниците беа глумецот Идрис Елба, готвачот Џејми Оливер, возачот во Формула 1 Луис Хамилтон, манекенката Адвоа Абоах и ѕвездата на серијата „Игра на тронови“, Гвендолин Кристи.

Многу политичари ширум светот изминатите денови пријавија дека се заразени со коронавирусот или се наоѓаат во самоизолација откако оствариле контакт со други заразени. Меѓу нив е и австралискиот министер за внатрешни работи Питер Датон и заменичката на британскиот министер за здравство Надин Дорис. Во Иран многу официјални лица починаа од оваа болест.

Според последните информации, сопругот на Софи, премиерот на Канада Џастин Трудо е здрав и нема никакви симптоми, но и тој ќе биде во изолација во следните две недели.

Слични објави

Ни доаѓа најхаотичниот ден во последните 45 години: Ќе се совпадне речиси сè што не треба, предупредуваат астролозите

Еспресо

Повторно насилство во семејството Голубовиќ: Судот му изрече итна мерка на Кристијан

apostolova

Традиционални македонски рецепти: Посно макало од ореви

Еспресо

(Фото) Луна Ѓогани во провокативно издание од Малдиви: Голи нозе, длабоко деколте и безброј коментари

Еспресо

(Видео) Јована Јеремиќ за свршувачката со Тигар: „Јас сум реинкарнација на неговиот покоен татко“

Еспресо

Јелена Розга проговори за плановите за свадба со Иван Хуљиќ

Еспресо
Се вчитува....