5.8 C
Скопје
19:05 - 18 февруари, 2026

Славниот рапер Федез се соочува со тешка болест: „ТЕ САКАМЕ ПОВЕЌЕ ОД КОГА БИЛО, наскоро ќе бидеш добро“ – напиша сопругата Кјара Ферањи

„Те сакаме повеќе од кога било, наскоро ќе бидеш добро“, напиша инфлуенсерката Кјара Ферањи на Инстаграм постирајќи семејна фотографија, откако нејзиниот сопруг во солзи објави дека е болен.

Федез се уште не објасни каков е неговиот здравствен проблем. Но, пред три години откри: „Имам ризик од мултиплекс склероза“.

Вчера италијанскиот славен рапер Федез во солзи откри на социјалните мрежи дека не е добро:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SuperGuidaTV (@superguidatv)

„Имам здравствен проблем. За среќа, навреме ми беше дијагностициран“, објасни тој во видеото објавено на Инстаграм. „Подоцна ќе кажам сè, со надеж дека ќе ги утешам оние што живеат со иста болест како мојата. Но, во моментов треба да бидам најблизок со моето семејство. Ме чека важна битка“.

Неговата сопруга, модната инфлуенсерка Кјара Ферањи веднаш му испрати охрабрувачка порака преку Инстаграм:

„На љубовта на мојот живот овие денови ѝ треба дополнителна поддршка“, пишува во објавата покрај објавената семејна фотографија на која двацата позираат со нивното првородено синче  Леоне.

„Те сакаме повеќе од кога било љубов моја, и наскоро ќе бидеш добро, секогаш опкружен со наклонетоста на целото твое семејство, пријатели и луѓе кои те сакаат толку многу“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chiara Ferragni ✨ (@chiaraferragni)

Федез засега не открива детали за неговата болест. Но, враќајќи се во минатото, на 5 декември 2019 година, во една италијанска емисија тој рече: „Открија нешто што се нарекува демиелинизација во мојата глава, имам ризик од мултиплекс склероза. Морам да бидам под контрола.“.

Но, оттогаш раперот не зборувал за својата болест. А неговите фанови се денес загрижени и му испраќаат охрабрувачки пораки преку социјалните мрежи. Всушност, сите сакаат да му дадат до знаење дека, во оваа битка, тој не е сам.

 

 

Слични објави

Малечко девојче го украде шоуто на концертот на Нина Бадриќ: Ѝ даде неочекуван подарок

Еспресо

Јелена искрено проговори за почетоците со Слоба Радановиќ: Имав анксиозност, не верував дека постојат такви лудаци

Е.А.

(Фото) Романтично дежа ву: Парис Хилтон повторно запросена од сопругот, овојпат пред нивните деца на плажа во Туркс и Кајкос

Еспресо

Конфликт на „Пинкови ѕвезди“: Бојана Лазиќ го прекина шоуто по остриот настап на Десингерица

Еспресо

Познатиот српски јутјубер уапсен по несреќата: Пијан предизвикал судир! Се огласи неговиот адвокат

Еспресо

(Фото) Жените полудуваа по него, а сега има 170 килограми: Дали се сеќавате на Ервин од „Големиот брат“?

Еспресо
Се вчитува....