09:52 - 9 април, 2026

Славниот пејач НАПАДНАТ со нож и ограбен: Многу е вознемирен и потресен!

Младата музичка ѕвезда, Хари Стајлс, кој стана познат во јавноста откако претходно беше пејач во бендот „One Direction“, бил ограбен за време на Валентајн, а инцидентот се случил во лондонскиот кварт Хампстед во вечерните часови, пренесува „Mirror“. 

Ограбувачот, за кој Стајлс вели дека бил во своите дваесетти години, извадил нож и му се заканувал,  барајќи од него да му ги даде сите пари кои ги има.

Според овие информации, пејачот успеал да се снајде и поминал без повреди. 

Фото: Профимедиа

Хари се однесувал поприлично смирено и брзо ги дал своите пари. Ја држел ситуацијата под контрола. Сепак, поради сето тоа Стајлс е многу вознемирен и потресен“, рекол за „Mirror“ близок извор на пејачот.

Без разлика на инцидентот, Хари синоќа имаше феноменален настап на доделувањата на Британските награди, каде ја испеа песната Falling.

Инаку, полицијата се уште е во потрага по напаѓачот. 

Слични објави

Сања за болниот период – „Лекарите ми рекоа дека мајка ми се разболела пред татко ми…“

E.A.

Мистична и заводлива: Елена Ристеска со нова провокативна фотосесија

Еспресо

Хороскоп за 9 април: Вагите прават избор што носи мир, Овните конечно добиваат јасен знак

Еспресо

Кеба е горд на ќерката – Наташа Којиќ освои златна награда во Лондон

Еспресо

Карлеуша со остри зборови за Теа Таировиќ: „Балканот не смее да биде синоним за…“

Еспресо

(Видео) Марија Шерифовиќ сподели интимен момент од Бали: „Дојде време да си кажам не“

С.П.
Се вчитува....