10:27 - 2 април, 2026

Славчо Попоски: Температурите одат нагоре, МНОГУ ТОПЛО време

– Денес времето во Македонија ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност. Ќе дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од северозападен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 37 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 34 степени.

Потоа во следните денови времето во Македонија ќе се задржи МНОГУ ТОПЛО и сончево со мала локална облачност. Во попладневните и во вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер а има услови и за локална појава на КРАТКОТРАЈНО НЕВРЕМЕ. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 38 степени. Ув – индексот и понатаму ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе изнесува коефициент некаде околу 10 – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Слични објави

(Видео) Емотивна семејна приказна – Огнен Здравковски откри по што жали

Еспресо

Весна Џогани со денови плачела во дом за деца без родители – ова е нејзината најболна исповед досега

E.A.

(Видео) Драма на снимање – Атанас Атанасовски едвај се спасил

Еспресо

Хороскоп за 2 април: Овните ќе бидат вознемирени, Лавовите ќе избегнуваат конфликти

Еспресо

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо
Се вчитува....