00:13 - 9 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ СО УБАВИ ВЕСТИ: Доаѓа топол бран, еве кога!

– Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со умерен, повремено на некои места засилен ветер од западен и од југозападен правец. На повеќе места ќе има и повремени врнежи од дожд, а локално ќе биде и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурите денес ќе бидат малку пониски за разлика од вчерашните и ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 18 степени- вели Славчо Попоски.
Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со услови за повремен дожд и услови за ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 17 степени.
Според Попоски утре и во сабота времето ќе биде сончево и ЗНАЧИТЕЛНО ПОТОПЛО со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните предели повремено засилен ветер од југозападен правец. Температурите ќе бидат рано летни и ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 26 степени. Нов влажен и постуден воздушен бран кој ќе донесе нови врнежи од дожд и снег на планините се очекува во недела, кога ќе дува и засилен ветер од северозападен правец а температурите позначително ќе опаднат. Нова стабилизација на времето се очекува на самиот почеток од следната недела.

Слични објави

Кеба е горд на ќерката – Наташа Којиќ освои златна награда во Лондон

Еспресо

Карлеуша со остри зборови за Теа Таировиќ: „Балканот не смее да биде синоним за…“

Еспресо

(Видео) Марија Шерифовиќ сподели интимен момент од Бали: „Дојде време да си кажам не“

С.П.

Бојана Лазиќ откри кога се враќа Зорица Брунцлик во жирито на „Пинкови ѕвезди“

Еспресо

Дали Ким Бесинџер со неочекуваниот потег ги закопа воените секири со Алек Болдвин?

Т.Ц.

(Фото) Дарко и Катарина Лазиќ ги покажаа мускулите во теретана – еве како го поминуваат времето заедно

Еспресо
Се вчитува....