18:22 - 8 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ СО ДОЖДЛИВИ ВЕСТИ: Грмежи и дожд, еве кога ќе ви треба чадор!

– Како што најавивме, утре времето во Македонија ќе се задржи претежно стабилно и суво но со зголемена облачност. Под влијание на циклонска активност пак од четврток па натаму се очекуваат нови врнежи од дожд, кој локално ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и проследени со појава на грмежи. Ќе започне да дува и засилен до СИЛЕН ветер од јужен правец. Што се однесува до температурите, тие и понатаму ќе бидат пролетно високи и ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 21 степен – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

И во Скопскиот регион утре ќе се задржи претежно стабилно и суво, но ќе има нешто повеќе облачност.

Според Попоски, од четврток па натаму и во скоспкиот регион ќе растат условите за повремени врнежи од дожд, а ќе има услови и за појава на грмежи. Исто така ќе започне да дува и засилен ветер од јужен правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 19 и 20 степени.

Слични објави

Вистинскиот пар чевли прави разлика: Дојдете во Chantel, затоа што секој чекор заслужува да биде забележан

Еспресо

Нина Ѓогани за ужасното насилство што го доживеала: „Ме тепаа и ме навредуваа“

Еспресо

Велигденски хит – рачно изработени свеќи што ќе ви го разубават домот

Еспресо

Јанг Дади се отвори за тешкиот период: Ме игнорираа

msp-admin

(Фото) Жељко Бебек прослави 24 години брак со својата 34 години помлада сопруга: „Тоа нешто наше“

Еспресо

На Здравко Чолиќ ќе му врачат димпломатски пасош на Босна и Херцеговина

Еспресо
Се вчитува....