00:29 - 12 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Времето ќе не разочара за Божиќ, еве зошто!

– Како што претходно кажавме во текот на утрешниот ден, за Бадник времето ќе биде стабилно, суво и сончево со умерена локална облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла или на значителна ниска облачност, додека доцна попладне и навечер облачноста полека ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер и тоа во западните предели од југозападен, додека во останатите предели од југоисточен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 16 степени – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.
Според Попоски од петок па натаму, односно за Божиќните празници времето ќе биде претежно облачно и постудено со повремени локални врнежи од дожд, додека на планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 12 степени.
И во Скопскиот регион утре претпладне ќе има појава на магла или значителна ниска облачност, додека во текот на денот времето ќе биде сончево со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Од петок па натаму времето ќе биде претежно облачно со услови за повремен локален дожд, а ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите ќе се искачуваат до околу 8 степени.

Слични објави

„Мaјка му е заслужна за секој недостаток“ – Теа Таировиќ по една година брак проговори за свекрвата

Е.А.

„Ги засука ракавите и се фати за работа“: Теодора Џехверовиќ ја снимаше мајка си како работи заедно со мајсторите

Т.Ц.

Која е атрактивната мисица Марија која му го украде срцето на синот на Зорица Брунцлик?

Т.Ц.

Бугарскиот пејач Константин има личен мини бар, кој буквално го следи насекаде

Т.Ц.

„Кај нас трпезата е вистинска магија, а голем борец сум кога се кршиме со јајца“: Теа Таировиќ откри како го слави Велигден

Т.Ц.

Мајката на Наташа Беквалац проговори за пропаднатите бракови на ќерка ѝ: „Ќе се откажам од неа ако повторно се омажи“

Еспресо
Се вчитува....