19:04 - 11 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Внимание, минималните температури паѓаат до…

– Како што веќе најавивме, до петок времето во Македонија ќе биде сончево и студено со мала до умерена локална облачност. Утрата ќе бидат студени и тоа особено утре кога минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -12 до -3 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 6 степени, вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Според Попоски, потоа повеќе облачност и нешто повисоки температури и тоа поради јужното воздушно стурње ќе имаме за време на викендот кога истите ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 10 степени. За време на викендот ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец, додека од недела ќе има појава и на повремен локален дожд.

И во Скопскиот регион до петок времето ќе биде сончево и студено со мала до умерена локална облачност. Температурите наутро ќе се спуштаат во интервалот помеѓу -6 и -5 степени, додека максималните ќе се искачуваат до околу 4 степени. Потопло време и повеќе облачност ќе има за време на викендот кога ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен правец . Температурата во Скопскиот регион за време на викендот ќе се искачи до околу 6 степени.

Слични објави

Која е атрактивната мисица Марија која му го украде срцето на синот на Зорица Брунцлик?

Т.Ц.

Бугарскиот пејач Константин има личен мини бар, кој буквално го следи насекаде

Т.Ц.

„Кај нас трпезата е вистинска магија, а голем борец сум кога се кршиме со јајца“: Теа Таировиќ откри како го слави Велигден

Т.Ц.

Мајката на Наташа Беквалац проговори за пропаднатите бракови на ќерка ѝ: „Ќе се откажам од неа ако повторно се омажи“

Еспресо

(Фото) Велики петок во домот на Здравко Чолиќ: Уна покажа како се подготвуваат за Велигден

Еспресо

(Фото) Милан Станковиќ го прекина молкот на Велики петок – неговата објава трогна многумина

Еспресо
Се вчитува....